Чек да брцнам во ташнава: Ѓуро, Петко и Станко се главни
Имам едно прашање за кое сакам да земам мегафон, да се качам на споменикот на Александар Македонски на плоштадот во Скоје и да го поставам на нај-јако.
Ама пошто не можам така, ќе го поставам еве овде вака. На цел глас.
А не можам така, да се качам на споменикот, не затоа што се плашам да не ме стрпаат у лудница, или у затвор, бидејки имам врски, а и “позната сум“.
Па нели 30 години работев на телевизија, па некој сигурно ќе ме препознае и ќе ме ослободи.
И не само што ќе ме ослободат, туку можеби и ќе мислат дека така треба.
Така оди тоа дечки кај нас. На некои од нас ни се може, на други не им се може.
Кој за шо учел.
Читам некни Ведрана Рудан пишува како таму “некој си незадоволен-сиромашен граѓанин викнал нешто за Премиера Пленковиќа, додека овој држел говор пред насобрана маса, лопов, или лажов или така нешто слично и веднаш “из истих стопа“, човекот бил стрпан во притвор. Ќе му се суди.
И она сеа, Ведрана, ко што ја дал Господ, пис на јазик, ги објавува во една колумна сите гадости што ги има напишано за истииот тој “Претседник државе“.
И дрско, на своја сметка иронизира, како ете “некому му се може, некому не“.
И ја цел живот, бидејки бев “Тања од Телма“, еден куп работи завршував така.
Под број еден ред не чекав никаде. Ни во банка, ни на лекар, ни на шалтер за извод од матично.
Под број два, кај и да требаше да влезам јали у министерство некое, јали кај градоначалникот, јали кај некој директор одма имаш “Тања од Телма“ е дојдена.
Јебига, срам-не срам си признавам. Така беше.
Син ми на пример, никогаш не сакаше јас да го носам на лекар, баш од тие причини. Жив срам го јадеше. Додека беше мал ќутеше, ама главата стално му беше надоле, а коа потпорасна почна баш да ме кори на оваа тема.
Еднаш таков “шамар“ ми врза, што не знаев кај да гледам.
Ми вика, “не ти верувам ништо веќе, цел живот ме учиш на чесност и праведност, а види ти што правиш!?, и таа мајка со дете исто дошла на лекар. И нејзиното дете исто така има температура“.
Не знаев кај да гледам. Ми се слоши. Три дена желудник ме кинеше. БАш ми беше глупо. Онака. Баш глупо.
Иако и тогаш кога го правев тоа, имав грижа на совест, ама “лаком дол“, да си завршам побрзо работа. Некогаш не беше само за побрзо работава, беше воопшто и да се заврши работата. Оти кај нас ако не си “некој“, или ако немаш некој Петко, Станко, Ѓуро, или Ѓурѓа, оди на Камени мост и врзи си јамка околу вратот.
Е сеа, ако барем малку можам да си ја исперам совеста, пишувајки вака за себе има и уште едно нешто преку што ми се чини дека можам да се само-амнестирам.
А тоа е дека, тоа што јас бев “некој и нешто“, сите работи кои ги завршував, главно се сведуваа на тие неколку работи. Шалтери, редови за чекање, извод, пасош, возачка, некој попуст негде за кола, за машина за перење, поубави патлиџани на пазар, некој лек без рецепт, или поубавото и поголемо парче четврт бурек…
Ич не се заебавам, ова беа главните мои бенифити на тема “моја популарност“.
Сега веќе нит ме препознаваат, или тук-таму по некој, матора сум веќе, а и имам друга гласна, заебана и накурчена одважност.
Па се што ми треба завршувам со курч. Ми се може. Си го заработив тоа право. Ја си знам како. Друг пат ќе ви пишувам за оваа тема.
Сеа да го поставам гласното прашање.
ДАЛИ БЕ СИТЕ ТИЕ 20-30 РОДИТЕЛИ ОД ГОСТИВАРСКОТО О.У. БАШКИМИ ИСТО МИСЛЕА!!??
ДАЛИ СИТЕ САКАА ЕМБЛА ДА НЕ УЧИ СО НИВНИТЕ ДЕЦА!!??
Значи у кило крв се кладам дека не биле сите. Можда биле пет-шест души, еве и десет нека се, ама сите не биле сигурно.
Е сеа прашањето ми е, кој се тие пет, шест десет души, а кои се овие другиве. И зошто ове се посилни од другиве.
Зошто никој од овие другиве десет-петнаесет не стана и не рече НЕ!
А!?
Зошто!?
Сеа ќе ви кажам зошто мислам дека е така.
Ќе ви раскажам една приказна, преку мое лично искуство. Само така знам.
Пред некое време, еден мој стар познаник од времето, кој беше чувар на еден паркинг, без три грама школо и дојден од “Ногаевци“, “успеа“, со магично стапче да стане најблизок човек на еден наш познат и нималку угледен политичар. Како и повеќето впрочем.
Ич не ми беше јасно по која линија и како човеков стаса таму. Ваљда преку некој братучед, чичко, вујко…
Ја секој ден се паркирав таму и секој ден се поздравуваме со по два реда муабет.
Ми се јавува “пријателов“ еден ден и ми порачува букет со 50 ружи, во име на некој од “началството“. Руживе треба да се однесат кај една “Ѓурѓа“, што им завршила работа за нешто. Вика, “однеси го букетов денеска, утре доаѓам да ти платам“.
Не дојде никогаш да плати. Нему така му се може.
Му се јавувам после некое време и му викам.
Слушај, ќе одам да и кажам на Ѓурѓава дека букетов што го доби пред месец дена, господинот кој што го нарачал, никогаш не го плати, така што букетов ви е од мене Госпоѓо.
Ми вика не се заебавај со мене.
За три дена ми дојде инспекција во дуќан. Ми најдоа една “грешна запирка“ и ме казнија 500 евра. Ме фати страв, викам, ако стварно отидам кај Госпожава да и кажам, следно може ќе ми ја запалат колата на паркинг. Си викам дај заеби еден букет. А бил, а не бил. Не е до букетов, знам дека знаете, ама не ми се гори баш за “Перо Ложачот“.
Е исто вака се повлече и Преспанското езеро. Миц, по миц, додена не се исуши некој ден скроз.
Нема више Тања од Телевизија. Нула.
Сега дојде Курле од Ногаевци.
Епа тие двајца-тројца, пет души колку и да се од оделениево, што сакаат девојчево да учи само во училница, му се некој прв, втор, петти братучет на Курле од Ногаевци. Или ако не нему директно сигурно ми се некој братучеди на братучедот, вујкото, стрикото. Ватевер.
Така е тоа кај нас дечки.
Миц по Миц.
Два Мица.
За Женски Магазин, Тања Трајковска
Колумната може да ја слушате во аудио-верзија во продолжение:
*Ставовите изразени во колумната се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Женски магазин