Чек да брцнам во ташнава: Хочу каки, нечу каки, хочу пишки, нечу пишки….

Добивај вести на Viber

Хочу каки, нечу каки…., хочу пишки, нечу пишки….

Аха… А батине мало може…, или да ти је**м матер ја теби мало… Марш у соби… Марш у соби, док те нисам убио…

МАМАААА…

Може виза, не може виза… може да играш, не може да играш…

Ај малце у карантин, ај малце не… ај малце у притвор, ај малце не… Може да јадеш, не може да јадеш…

И додека МАМА, чиј син “гута паклени помаранџи“  и чека да почне Австралија Опен и не знаеме дали сам како лубеници си бира малолетни девојчиња, или за “мир у куќа“ му носат секоја вечер по една-две на тацна, ние другиве ко у гасна комора седиме и чекаме да видиме, кога ќе ни го стиснат копчето, или кога ќе ни го одвртат гасниот вентил до крај, за да направат сапуни од сите нас и после да си направат сапуница и “пена парти“.

Малиов седи и џитка љушпи околу себе и веројатно така, на тој деструктивен начин го изразува својот бес и гнев и својата љутина кон МАМА.

Бидејки МАМА нити го гушкала, нити му читала бајки за добра ноќ, нити пак му покажла ни љубов, ни милина, ни топлина.

На МАМА и било важно лептир машната да биде како со васер вага наместена, кошулата закопчана до врат, палтото стегнато, панталоните ни милиметар пократки, косава да биде до влакно залижана, супата да се јаде, за мува да прелета да се чуе, лажицата ако чукне по порцеланов, тука завршува вечерата и нема јадење до утре. Солза ако видам, има да седиш сам у соба месец дена.

Има да научиш да јаваш коњи, да свириш клавир, да црташ ко Рембрант, да го говориш Шекспир на памет, да веслаш за кралскиот осмерец, да гаѓаш патки во воздух, да леташ со хилихоптер и на цел глас да ја пееш “Господ да ја чува кралицата“.

А таа што ќе ја бираш за жена да ти биде, треба да носи кондури триесет и седум и пол, конфекциски број 36-ка, треба да нема бемки по телото, косата да и е природно кадрава, прстите на рацете и нозете совршени и да го знае сево ова истово.

Да јава, да црта, да пее, да слика, да весла…

И секако на глас да ја пее Господ да ја чува Кралицата.

Епа ако е така, еве “малиов“ седи и до ден денес ја бара таквата.

Според законите на оваа МАМА и нејзините “синчиња“ по светот, се носат одлуки за најважните светски прашања.

Едно од таквите “светски прашања“, изминативе месец дена беше и тоа дали Новак, ќе ја освои 21-та Грен слем титула или нема да ја освои.

Сѐ си мислам дека едно од синчињава и се јавува на МАМА и ѝ вика.

Ако Ноле ја освои титулава, ја нема да пијам чај у пет.

Аууууу! Како така!?

Епа така!!

Добро сине, не се секирај. Нема да му дадеме титула.

И би така!!!

Не, не се правам будала. Јасно е дека вакцината е во моментов најголемата светска “Грен Слем“ титула.

Уствари можда и не се правам будала, туку веќе можеби и сум будала.

Будала сум, што не знам дали е вакцината, или изборите во Австралија.

Будала сум што не знам дали требаше да се вакцинирам, или не.

Будала сум што се прашувам, дали треба да мислам со своја глава, или не.

Будала сум бидејки не сакам да верувам во теории на заговор.

Будала сум бидејки кога нешто ќе одлучам да го направам, не сакам после да мислам веќе на тоа.

Будала сум бидејки “кјур кодот“ ми важи до 8-ми Март, а на 10ти треба да патувам во “Европска унија“.

Будала сум бидејки 20 дена се потресував што ќе се случи со светскава “ѓомити тениска“ сапуница.

И будала сум бидејки мислам дека Новак Ѓоковиќ е новиот месија, кој реши со цел свет да го игра својот пети сет, својот 21-ви златен историски трофеј и да се бори против опакиот, нов светски поредок.

Будала сум, бидејки секако навивам за него и се молам да не биде распнат.

А и ние сите заедно со него на патот на оваа Голгота.

Знам само дека сум исто така будала и дека ќе го чекам некаде таму на некоја пета-шеста станица, пред да се струполи со рекетов, за да му подадам пешкир и топчиња.

У име Новака и светога разума Амин!


За Женски Магазин, Тања Трајковска

Колумната може да ја слушате во аудио-верзија во продолжение:

*Ставовите изразени во колумната се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Женски магазин