Чек да брцнам во ташнава: Љубоморни жени на машка кафана

Добивај вести на Viber

Цел живот се прашувам што е тоа што го зборуваат маживе у кафана со саати, кога се излезени машка екипа. Никогаш не ми било јасно, како можат да ја фатат работава од три на ручек и да забегат до ниедно време сабајле. И утре можат пак. И задутре можат пак. И секоја следна средба. Ми се чини дека да не мора да се приберат дома, дека не би се ни прибрале. Секако дека се јаде и се пие. Некогаш и ќе се прејаде и ќе се препие, ама би била злобна кога би рекла дека се, само на тоа им се сведува. Сигурно НЕ!

И секогаш ми се чини, кога ќе сум се најадам во кафана на друг астал, гледајќи машка екипа, од каршија како се забувава дека многу поубаво си поминуваат отколку ние жените во исти таков кадар. Понекогаш, жими мајка, сум сакала да се сокријам зад некое дрво и да ги слушам за што зборуваат. Едно од љубопитство, за да видам дали ние жените сме им дел од приказните и дали и тие толку многу зборуваат за нас, ко што ние зборуваме за нив. Знам дека не е така, ама не сум сигурна. Можда па и да е. Или можда само ние жените од што сакаме да е така, си мислиме дека можеби е така. Којзнае. А второ, ако не е ова првово да видам што е тоа, за кое што кога маж ми ќе си дојде дома после 12 саати кафана и кога утредента ќе го прашам „И, како си поминавте и што зборувавте“, секогаш ми одговара со две до две и пол прости реченици.

Супер!

А што зборувавте!?

Се зезавме.

Просторот за мојот љубопитен-истражувачки потенцијал, завршува со исто така маестрално менување тема, со исто такви две прости реченици.

Сакаш кафе!? И, што треба да се купи за денес!?

Ние жените ова вака не умееме да го правиме. Нашите собиранки во кафана се главно прво многу поретки од нивните, а второ нашите собиранки се главно „куропаталачки“.

Или некоја се развела, па сеа сите ние со саати ќе го бараме виновникот, па ќе ја тешиме, па она ќе кука, па ќе фатиме и ние да кукаме, оти стари алишта у плакар, исто како и стари приказни у глава секогаш има колку сакаш. Или излагаме за да „фатиме“ дечко за некоја од другаркиве, која прво „на кандидатот“, со месеци му го истражува целокупното животно СИ-ВИ. Ние секако го правиме истото заедно со неа. Која повеќе, која помалку, но главно мора да си константно во тек, со последната реченица од последниот разговор, бидејќи ако не си, тогаш постои можност да бидеш обвинета и да добиеш „едночасовна тирада“, и црвен картон, како тебе ти е сеедно и дека ти не учествуваш со цело срце во проектов „фаќање дечко“.

Третата опција се тековни, монотони и здодевни приказни од секојдневието. Деца, пари, стравови, климакси, болести…

Јебеш му матер, ќе пукнам од љубомора. Ние ќе се исподотераме со штикли, нокти, не овој накит-оној накит, не оваа ташна-онаа ташна, то фризери, то шминки, то све, а маж ми ќе грабне некоја блуза од плакар, ќе натне тоа фармерките, ќе помине со прсти низ коса и го нема со саати. Он ќе се врати расположен и насмеан, ќе си легне и ќе заспие ко бебе. Утре орен, ко ништо да не било. А ја од истата сцена ќе дојдам мртва уморна, штикливе ми се чини дека уште од кафана сакам да ги симнам и боса со плачење да си дојдам до дома, бидејки веќе не знам да одам со нив. Он ако е дома спие и не ме чека за да види кога ќе си дојдам. Ко ја шо праам. Не, не, нити со едно око не ѕирка и не се преправа дека спие. Него вистински си спие. А ја утре дента сакам да умрам. Не ме спасува ни дупла доза витамин Б, Ц, Селен, Магнезиум, Аспирин…. Ништо! Ко варена нога за пача сум.

Следната средба можам да ја закажам тек за месец дена. И тоа ако успееме да се договориме сите. И се ќе биде исто. Они за тоа време сто пати ќе се сретнат и супер, ќе си поминат. За пет минути се договараат и сите секогаш можат.

Јебеш му матер, ќе пукнам од љубомора.

Не, не сакам да сум машко.

Убаво ми е да сум жена и не би се мењала.

Ни маж ми не сака да е жена.

Ама, ми се чини тој многу повеќе не сака да е жена, отколку што јас не сакам да сум маж.

И!? Сеа!

Нема И…

Тоа ти е.

Само си праам муабет…


За Женски Магазин, Тања Трајковска

Колумната може да ја слушате во аудио-верзија во продолжение:

*Ставовите изразени во колумната се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Женски магазин