Чек да брцнам во ташнава: „Провинцијашлук“ втор дел- за да биде појасно

Добивај вести на Viber

…, да си ја завршам темата од пред некоја недела. Морам да се “спакувам“, во две-три страни со писанијава, па понекогаш ми остануваат некои теми недоречени. А “самим тим“ и нејасни за дел од читачкиот аудиториум.

Значи вака, разлика помеѓу скопски невоспитан фраер, или скопска невоспитана шмизла, со провинцијашлук или “тешка категорија“ башибозлук е огромна.

Ко Бог и шеширџија. Ни едното ни другото не е за сполајти.

Напротив.

Седи кец и за едното и за другото.

Разликата што кога после двајцата ќе дојдат на полагање е што со едниот си на чисто, а со другиот не.

Безобразлукот секако ќе си остане, ама не е исто некој подмукло да те пренесе жеден преку вода, а другиот да ти се мангупира наперчено, мислејки си дека ако е роден у град го фатил Гопсода за м…

Не бе дечки.

Никој од нас, кај год да е роден, не е амнестирам, ако се однесува невоспитано и безобразно.

Фората е у тоа што скопскиот мангуплук, кој исто така знае да биде многу бљак, нема никаква допирна точка со простачкиот циничен безобразлук. 

Ама рзликата помеѓу тоа некој да ти се перчи, да ти се прави паметен, да те става во втор ред, затоа што тој е гратски фраер, или гратска цура сеедно, затоа што ти си дојден од провинција, со тоа некој подмукло да ти мести игрици, за кој ти не можеш ни да претпоставиш бидејки ги немаш во “виугалното портфолио“ е огромна.

За тоа зборам јас.

И кажете што сакате, ама тоа е тоа.

И не се ложете плис. Туку прифатете ја вистината.

Секако дека имаш ти битолски, штипски, велешки, охридски…., ептен гратски фамилии, чие што педигре по фамилија и манири зрачи со госпотство.

Не се разбираме, ако мислите дека зборувам за Скопјаните, со фаворизиран тон. Ни под разно.

Зборам за “гратски и сељачки“ манири.

На тие “диви“ мислам, кога велам декао дојдоа и ги избркаа питомите.

На сите тие, што не велат добар ден, што се обраќаат на ТИ, сеедно на кого, дали на продавачката у Тинекс, или на апотекарката у Зегин. И обратно, кога сите оние продавачки по Зара, Манго, или конобарици по разно разни скопски локали, ти викаат повели, наместо повелете, и кој свесно иритирачки ти џвака мастика и ти го тутнуе кафето, само затоа што заборавила од која Пуста Берзница дошла, па сега ти си и крив, што она мора да стои на ноги по десет саата и тебе да те служи за ситна лова.

На сите оние фраери што ториират со коли по семафори и у ниедно време пуштаат турбо фолк на најјако, со отворени прозори и шкрипат со гуми и газат се пред себе.

Не бе дечки ова гратски лик не го прави. Ова го прават само тешка провинциска категорија.

Не можеш да ме убедиш дека не е така.

Чак и ако мислиш дека овој курч е резервиран за некои татини и мамини скопски педерчиња не е така.

Тие луѓе немаат гратско педигре и воспитување.

Гратските, културни и фино воспитани ликови се повлекоа, пред овој иритирачки провинцијашлук.

Нема тука витешка борба прса у прса.

Тука имаш нож у грб. Без пардон.

Памтам една приказна, уште студентка кога бев и кога по скопските кафиќи не ги пуштаа тешките провинцијалци, уште тогаш кружеше приказната дека “сељакот“, го јаде лебот и кромидот пикнат таму у некој ќош и си вика- ќе видите вие ја коа ќе дојдам на позиција мамичето мамино…

И така бидна.

И уште една приказна патам од тоа време. Се раскажуваше како виц.

Дошла некоја девојка од провинција во Скопје, запишала медицински факултет, го завршила со просек 10ка и станала докторка и наводно комшшите дома ја зезале мајка и велејки и “глупава, наместо за доктор да се омажи, таа докторка стана“.

Е на ова мислам кога зборувам на оваа тема.

На сите тие цурки кои ги спуштија до дно критериумите за фините женски манири. Кои беа спремни душата на ѓаволот да си ја продадат само за да успеат.

Тие се тие кои денеска слават родендени со торти со циркони, со гуштери и змии, тие се тие чии деца одат со Луј Витон ранци во школо, тие се тие што фрлаат ѓубре од тераса, што искачаат преку ден у кафана со голи стомаци и штикли од дванаес сантима.

Тие се тие што у театар скролаат по мобилни и на кои им звони телефонот за време на претстава и кои мртви ладни у таа тишина викаат АЛО, тие се тие што се буткаат преку ред и викаат “само нешто да прашам“, тие се тие што џиткаат празни кутии од цигари низ прозор од кола, што ќе ве зганзат и нема да ви се извинат, тие се тие што ги знаат сите песни од Аца Лукас и Дара Буба-Мара на памет, што две книги немаат прочитано у живот.

Што шматаат додека јадат, што не стануваат на постар во автобус, што не те чекаат прво ти да излезеш, па тие да влезат.

Што не викаат добар ден и што ти се обраќаат на Ти.

Тие се тие што се спремни да газат преку лешеви, само за да успеат.

За нив зборувам.

Ова гратски манири не се и никогаш нема да бидат. Тоа е васпитање, кое е врежано во чип.

Или го имаш, или го немаш. Уз добар ветар и ако од петни жили се потрудиш можеш и да го научиш.

Е за тие диви велам, кои дојдоа и ги избркаа питомите.

Слично како Каубојците со Индијанците.

Ако се пронајдовте баш ми е жал.

За Женски Магазин, Тања Трајковска

Колумната може да ја слушате во аудио-верзија во продолжение:

*Ставовите изразени во колумната се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Женски магазин