Чек да брцнам во ташнава: Штиклата на Алмодовар, го држи клучот од сефот за нуклеарна енергија

Добивај вести на Viber

Подолго време наназад се препрашувам какви тоа виуги треба да имам во мозокот, за на пример, да зеам да се облечам како за на каревалот во Рио и мртва ладна да отидам во Зегин, или Стокомак, или рецимо да барам прием во Министерство за труд и социјална политика. Или кај Претседателот.

Значи вака: штрасен минамилистички корсет-костум, сакам да речам на танга да биде работава, напред на градите само некое сребрено-златно цветче, на стомакот некоја трака од гради до пупак, колку за да го држи горниов и долнив дел, штилки од оние со монистра и штрас, секако барем петнаесет сантима високи, на топук платформа, пердув на глава, негде околу еден метар висок и бааам…., да истрчам на Партизанска и да си застанам мртва ладна на семафор за да поминам од другата страна на улицава, кај што ми е Зегин. И да не се разбереме погрешно. Ова не, само еден ден. Него ете така бе, наеднаш отворив, решив да ги искршам сите окови и стеги и да признаам дека од денес сум ова што сум. Всушност цел живот сум била, ама сум се криела, бидејки општството не било спремно да ме прифати.

Па да речат луѓево околу, на пешачкиов што и стана!? И одлетале гулапчињата. Сирота. Кој знае што и се случило. Не беше ваква. Мора некој тежок стрес да доживеал, штом вакво нешто направила. При тоа поместувајки се настрана, за да не се заразат или случајно да не ги види некој од комшиите тука, како стојат до мене, па да си помисли дека сме заедно, па да пунке брука и да настада комшијава ни крив, ни должен, само затоа што се нашол во погрешно време, на погрешно место. И застанал до мене.

Некои други да фатат, да земат да ми ги искубат тоа пердувите од костимов, заедно сосе сета коса на глава и тука јок да ме сторат, од маање, со плукање, со псуење, со клоци, со влечење, за да си ги заштитат своите деца и самите себе од вакви девијации.

А ако имам среќа на пешачкиов со мене да чекаат барем два-тројца од невладиниве организации за заштита на животните и на човековите права, тогаш имам шанса да преживеам.

Тие одма ќе рипнат тука со спремни транспаренти и мегафони и гласно ќе изговорат.

ОСТАВЕТЕ ЈА ЖЕНАТА. СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА БИДЕ ТАКОВ КАКОВ ШТО САКА. СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА СЕ ЧУВСТВУВА И ДА СЕ ДОЖИВУВА СПОРЕД СВОИТЕ ЛИЧНИ УБЕДУВАЊА. СЕКСУАЛНАТА ОРИЕНТАЦИЈА НЕ Е ВАЖНА. НАЧИНОТ НА ОБЛЕКУВАЊЕ ИСТО ТАКА.

И се разбира некој, онака милозвучно ќе додаде, не е таа криива. Виуга е во прашање, можеби ни она не сакала да се роди таква, ама ете се родила. И што сега!?, треба ли да ја осудуваме и камшикуваме поради ова!?

И одма да почнат дебатни емисии, со денови и ноќи, на сите телевизии, па се што се испилило, да фати да анализира, одма на сите сите портали да фрчат  наслови, “вака било, така било“едни ќе осудуваат други ќе бранат, едни ќе градат политички кариери, други новинарски, луѓево ќе онанишат, да ми извините на израз од сабајле до вечер. Кој ќе пере свои гревови, кој ќе лечи фрустрации и комплекси, кој шизофрении, благи и тешки форми, кој само ќе подгрева страсти и ќе ликува, гледајки како многумина се ложат на само еден негов збор. Секакви не има. И сите имаме право да кажеме и да правиме се што ни е ќеиф. Дури ми е жал и за овој толку убав збор. Оти ќеиф е се друго, само не ова. Нејсе.

И додека се ова се случува околу мене, јас да аплицирам за советник кај Претседателот, бидејки имам два факултета, една магистратура, зборувам четири јазици и може слободно да ме стават за конзул во Соединетите американски држави.

Ваков лик ја имата шифрата од сефот за нуклеарна енергија. Не знам дали на светот, или на Америка. Не знам стварно, не се разбирам.

Не бе зашто!? Немам ништо против.

Можда човеков си ја знае работата. Ама па си велам ако си ја знаеше, ќе знаеше и да се облече.

Па си велам, како ли ќе се чувствуваат сега сите тие таму другите. Оние обичните, да не речам нормалните. Пола од тие таму, што се фино воспитании што претендирале за ова место, ќе паднат у депресија. Ќе си помислат дека ради облеката не ги примиле.

Ко ја што си мислам дека точно поради тоа, што мајка ми не ми даваше да носам фармерки се до факултет, бидејки било непоштоавње кон професорите и кон институцијата да се оди со фармерки и фармерките биле само за фармерите во Америка, кои имале свои ранчови и говеда, а не за фини госпојци и дека баш поради тоа јас сега не сум во ниту едно министерство, туку само една обична цвеќарка. Ах мамо, мамо. Гледаш ли што ми направи!?

Од друга страна, ако се прочитаат мислењето на неколку сериозни политички аналитичари, станува јасно дека човеков нема да може да си ја врши својата работа, бидејки прво во Иран нема да го пуштат така облечен.

Од друга страна па, Иран нашол да збори. Ај ќути таму.

После си викам, а да не е само навистина маскиран типов, колку само за да ги збунат Русите. Инаку човеков у одело оди во Белата Куќа.

Шала на страна, со ова малку здрава виуга што ми остана во умов си велам. Перфидни играчи се тоа, пола век потрошија на тоа да се распадне семејството и семјните вредности, славејки ја индивидуалноста.  Успеава! Сега тргнаа во поход да ја разбијат индивидуалноста, потенцирајки ги разликите помеѓу луѓето, правејки се за да ја постигнат еднаквоста помеѓу сите нас. Во оваа последна фаза сега целта е да се создаде таква конфузија и разединетост помеѓу луѓето, како би успеале комплетно да ја расквасат човековата свест, за да можат да ја користат својата апсолутна и неограничена моќ. Поради тоа им треба некој ваков лудак, кој ќе предизвика лутина, бес и немир помеѓу луѓето.

Тања, не трескај глупост, нели се договоривем дека нема да веруваш во теории на заговор. Опушти се и верувај дека светот е сеуште безбедно место за живеење и дека сите луѓе се добри. Оммммм…

Пак шала на страна, мојата прва реакција кога го видов и прочитав ова беше длабок немир. Имав чувство како некој да ми се прикрадува зад грб и ми се шуња низ куќа во глуво доба.

Заебано дечки, заебано.

Кога во последните неколку децении допуштивме да се изгуби се она “како што би требало да биде“, сега е вака, како што мора да биде.

За Женски Магазин, Тања Трајковска

Колумната може да ја слушате во аудио-верзија во продолжение:

*Ставовите изразени во колумната се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Женски магазин