Чешка влегува во ко-продукција на македонскиот филм „Диџеј Ахмет„ проектот доби целосна поддршка од страна на чешкиот филмски центар

Добивај вести на Viber

Филмскиот центар на Чешка ги објави резултатите од конкурсот кој заврши неодамна a меѓу проектите кои добиваат најголема поддршка на овој повик е и дебитантскиот филм на Георги М. Унковски „Диџеј Ахмет„ - во продукција на Синема Футура и Сектор Филм од Северна Македонија со локална поддршка на Analog Vision од Чешка. За проектот комисијата пишува дека се издвојува како еден од највпечатливите проекти на конкурсот со силна и оригинална приказна за едно момче од јуручките села во Македонија. Во сценариото на Унковски се гради еден свет на едноставност, пасторалност, селски живот во кој се судираат генерации на родители и нивните деца кои имаат порив да бидат дел од модерниот свет. Претходно проектот доби две награди за развој на годинешниот Софија Митингс и е во подготвителна фаза на пред продукција, период во кој Георги Унковски учествува на Медитеранскиот Филмски Институт на нивната работилница за сценарио во Грција. Истовремено е започната и соработка за продукциски развој на проектот преку работилницата YAPIMLAB во Турција под менторство на големата Зејнеп Атакан, добитиничка на наградата Златна Палма на Канскиот филмски фестивал со филмот Winter Sleep (2014). 

Диџеј Ахмет е дебитатнски филм на Георги М. Унковски, кој зборува за Ахмет, петнаесет годишно момче од јуручкото село во Македонија кој се наоѓа на раскрсница во својот живот кога татко му го отпишува од школо очекувајќи од него да превземе повеќе обврски од селскиот живот и да се грижи за неговиот брат Наим.  Ахмет чиј сон е да стане ДЈ доаѓа во судир со конзервативната средина, очекувањата на својот татко и неговиот прв контакт со љубовта.

Георги М. Унковски е автор на повеќе кратки филмови а неговиот последен филм „Налепница„ имаше своја премиера на Санденс Филм Фестивал во САД по што беше прикажан на повеќе од 240 фестивали и освои повеќе од 40 награди. 

https://www.filmcenter.cz/en/news/1825-the-czech-film-fund-supported-minority-co-productions?fbclid=IwAR1tLIjORLPc0y6Ah_oR2J8CvA7NKVZfVOFLeiEd-CDvCDXZjzTZxUO1MPc