Често е пијана: Соседите открија како се однесува Ана Николиќ далеку од камерите
Соседите решија да зборуваат за пејачката Ана Николиќ која живее во новоизградена зграда во елитниот дел на Белград
Пејачката кога не настапува, времето го поминува со ќерката Тара која оди во блиската градинка, а соседите велат дека кон своето дете се однесува со посебно внимание и дека малку ги изненадила, бидејќи по природа е луда.
Неодамна се појави видео на кое пејачката пее пред нејзиниот дом во раните утрински часови, а една соседка сето тоа го снимила со коментар „After кај Ана“, алудирајќи на песната на нејзината сега ривалка Милица Павловиќ, „After кај Милица“.
- Ана е царицата, се воодушевив кога ми рекоа дека ќе дојде во нашето маало. Моето мислење не се смени многу кога ја запознав. Таа секогаш се поздравува со сите и најчесто е супер расположена, исто толку откачена како што можете да видите на социјалните мрежи. Бев многу изненадена од нејзината посветеност на детето, да не ја познавам ќе имав поинакво мислење - рече сосетката, која ја прашавме дали ја гледа со некој маж.
- Колку што знам, сега нема никој овде. Не сум видела да се враќа во станот во машко друштво. И да има некого, верувам дека поради нејзиниот карактер и искреност не би ѝ било гајле ако некој ја види со партнерот и би зборувала за тоа. Ѝ се восхитувам што е толку отворена, а не поради алкохолот што ѝ го припишуваат сите, иако често се опива - заклучи сосетката, која не сакала да биде именувана.
- Целосно го изгубила компасот- коментираат соседите.
Еден постар господин, кој не е љубител на нејзината музика, но го сака нејзиниот лик, се согласил да разговара со екипата на „Супер ТВ“.
- Мило ми е кога ќе ја видам и кога ќе дојде да разговараме. Таа е многу грижлива во секој поглед. Не знаев која е додека не ми кажаа другите околу мене - рече тој и додаде:
- Најмногу уживам кога ја гледам со нејзината ќерка. Имам внуци и се сеќавам на моите деца кога беа мали. Нема да верувате колку таа ужива. Како да застанал целиот свет и да се само тие две. Таа е доста посветена на неа, како и нејзиниот татко, според она што го слушнав. Фала му на Бога што е така и што детето не ја чувствува разделбата на родителите. Ана е навистина луда жена, но добра е како мајка.
Откако Раста и Ана се разведоа, соседите не го виделе раперот во близина на домот на Ана, но велат дека ќерката со најголема почит зборува за него.
- Тој не се појавува овде. Кога Тара оди кај него, Ана веројатно ја вози или се среќаваат некаде. Ретко зборува за него, попатно слушаме кога ќерка ѝ ја прашува нешто, а таа секогаш одговара со толку внимание и љубов, како да се уште заедно - изјави сосетката Маја.
Извор: www.pulsonline.rs