Четири деца од „Црнокрак“ со награди во Банско

Добивај вести на Viber

Сношти во Народниот Театар во Банско, Бугарија, се одржа изборот за убавина за деца, Мала Мис и мал Мистер на галаксијата. Македонија ја претставуваа четири дечиња од Модното студио „Црнокрак“ и сите освоија титули.

Сите четири наградени деца: Деа, Викторија, и браќата Дарио и Теодор


Во конкуренција на најмалите, од 4 до 7 години, нашата Деа Петрушева ја освои титулата Мала принцеза на галаксијата- 2018. Во конкуренција на девојчиња од 8 до 12 години, Викторија Клечкароска, исто така ја освои титулата Мала принцеза на галаксијата. Во машка конкуренција, осумгодишниот Дарио Атанасоски ја освои титулата Мал Мистер на галаксијата, а неговиот десетгодишен брат Теодор Атанасоски е Мал принц на галаксијата.

Мики Црнокрак со наградените деца и со директорката на Изборот за убавина


„Навистина сум горд на нашите дечиња. Сите имаа прекрасен настап на финалната вечер, но и не само на финалето, туку и во текот на целиот престој тука во Банско. Нивното однесување беше за пример, што не можеше да остане незабележано од жири- комисијата која одлучуваше за победниците. Поминаа прекрасни седум дена во овој познат зимски планински центар, имајќи можност да се запознаат со дечиња од целиот свет. Нашите девојчиња на финалната вечер се претставија во креации на нашата модна дизајнерка Елизабета Ефремова, која специјално за оваа прилика им ги направи фустанчињата на нашите две мали грации“, ни изјави модниот менаџер Мики Црнокрак. Модното студио „Црнокрак“ поседува лиценца за Македонија за овој детски избор за убавина кој деветта година по ред се одржува во организација на Модната агенција „Интерсаунд“ од Софија, Бугарија.


Со награда од Банско, се врати и Мики Црнокрак. Тој доби титула, најдобар национален директор.

Со награда од Банско, се врати и Мики Црнокрак. Тој доби титула, најдобар национален директор


Милица Џаровска