China Mobile Hebei и Huawei ја претставија 5G сеприсутната Гигабит мрежа во затворен простор

Добивај вести на Viber

China Mobile Hebei и Huawei постигнаа клучна пресвртница со лансирањето на 5G сеприсутната Гигабит мрежа во затворен простор. Покрената од 5G дистрибуираната Масивна MIMO технологија, мрежата е прва од ваков вид што е конструирана во метро-трафостаниците во Кина. Теренските тестови покажаа перцепирана стапка од над 1 Gbps во 95 проценти од областите на трафостаницата. Ова ги надградува мрежите од обезбедување врвни Gbps стапки до пружање на сеприсутно Gbps искуство на корисниците, без оглед на нивната физичка локација.

Како нова генерација на технологија за мобилна комуникација, 5G беше претставен за значајно подобрување на корисничкото искуство во однос на 4G. Гарантира голема пропусност и работи совршено со Massive MIMO технологијата за да им овозможи на корисниците Gbps стапки на податоци. Меѓутоа, во салите за чекање на брзите железнички станици и другите големи отворени површини со голема густина на корисници, ваквото Gbps искуство не може секогаш да биде гарантирано поради пречки во радио сигналот. Пружањето на сеприсутно и доследно искуство на услуги во такви области стана итна потреба и услов.

Врз основа на дистрибуираната Massive MIMO технологија на Huawei специјално креирана за внатрешните мрежи, China Mobile Hebei најпрвин го верификува пружањето на сеприсутното Гигабит искуство во брзите железнички станици со голема мобилност на корисниците. Оваа верификација означува нов исчекор кон напорите за премиум мрежното искуство да стане сеприсутно.

Дистрибуираната масивна MIMO технологија е од витално значење за значително подобрување на 5Gперформансите и поддршка на 5G сеприсутните Гигабит мрежи. Претставувајќи ги водечките технологии на 5G Massive MIMO на отворено во внатрешните мрежи, дистрибуираниот Massive MIMO им овозможува на внатрешните мрежи да го искористат заедничкото обликување на зраците и повеќекорисничкиот MIMO (MU-MIMO) за да го подобрат капацитетот на 5G мрежата и корисничкото искуство. Тоа го подобрува квалитетот на сигналот со отстранување на пречките во ко-каналот на повеќеќелиските мрежи за да се обезбеди голема брзина и висококвалитетно искуство во повеќето области со 5G покриеност. Резултатите од верификацијата покажаа подобрување од над 30 проценти во брзината која ја доживуваат корисниците и конзистентно Гигабит искуство за корисниците во движење.

Хан Бинџи, експерт за 5G од China Mobile Hebei, изјави: „Сеприсутното Гигабит искуство во областите гладни за сообраќај, како што се аеродромите, железничките и метро станици и изложбените сали, ќе биде од суштинско значење за задоволување на зголемената побарувачка за HD видео, VR, AR и XR услугите. China Mobile Hebei ќе продолжи да работи со Huawei за да им го пружи ова искуство на корисниците на 5G мрежата преку постојани технолошки иновации“.

ПР објава