Чини помалку од 100 денари и Ријана ја обожава: Брза и лесна протеинска салата!
Ријана го сподели со следбениците својот омилен рецепт за салата кој е хранлив, евтин и брз за подготовка.
Леблебијата е многу здрава храна која е богата со протеини. Сто грама од овој мешункаст плод содржи нешто повеќе од 360 калории и дури 19 проценти протеини.
Затоа не е изненадување што е омилена кај луѓето кои јадат исклучиво храна од растително потекло, но и меѓу оние кои сакаат да експериментираат со вкусови како Ријана.
Познатата пејачка не се откажува од ништо во својата диета, и ја одржува врвната форма со редовно вежбање. Покрај тоа, таа поминува најмалку еден час секој ден со личен тренер во салата. Бидејќи својата диета ја базира на протеини и здрави маснотии, сака да јаде салати засновани на кокос.
А еве го рецептот за нејзината омилена салата:
Состојки за едно лице:
100 грама варена леблебија
½ краставица
½ свеж домат
2 парчиња кромид
сол и бибер по желба
1 лажица маслиново масло
лисја од босилек за декорација
Подготовка:
1. Потопете ја леблебијата во вода ноќта пред готвењето, а потоа проварете ја на вообичаен начин. Можете исто така да користите конзервирана леблебија.
2. Промешајте со сецкани парчиња кромид, свежа краставица и домат.
3. Измешајте сè добро, додадете сол, бибер и малку маслиново масло.
Салата е одлична идеја за ручек и вечера, а можете да ја понесете со себе на работа како ужина.
извор:glossy.espreso
Ријана ги охрабрува жените: Tреба да носите долна облека исклучително поради себе