Ријана ги охрабрува жените: Tреба да носите долна облека исклучително поради себе
Поп-ѕвездата Ријана моментално е една од највлијателните жени во светот. Таа денеска полни 32 години. Откако ја пушти во продажба колекцијата за долна облека „Savage Fenty“, таа за момент беше распродадена.
Миленичка од Барбадос направи вистински „бум" со козметичката линија „Fenty Beauty“, а истото се случи и со долната облека која е наменета за сите девојки со различни конфекциски броеви. Колекцијата ја промовираа познати манекенки со различни фигури и боја на кожа, како и „плус сајз“ девојки.
Советот на Ријана за сите жени во светот, кој сигурно ќе ви влее самодоверба за носењето секси долна облека, гласи:
„Жените треба да носат долна облека исклучително поради себе. Се надевам дека барем малку ќе ги охрабрам да пронајдат сила во себе и да го сакаат своето тело. Нема никаква смисла ако сите тежнееме кон еден идеал и изгледаме исто. Нашиот шарм е во различноста, додека со модата и долната облека треба да си играме и забавуваме. Сакам жените кои ќе ги носат овие модели да си помислат „баш сум опасна женска" и да сфатат дека поседуваат своја и единствена убавина"