Чист комфор од 175 метри квадратни: Ѕирнете во луксузниот стан на Сузана Манчиќ во центарот на Белград (ФОТО)
Сузана Манчиќ ги отвори вратите на нејзиниот простран и удобен стан во центарот на Белград, и секој детал е внимателно среден.
Водителката и позната Лото девојка, Сузана Манчиќ ја отвори вратата од својот стан во строгиот центар на градот. Таа се пресели на улицата „Кнез Милоша“ пред повеќе од една деценија, и буката во строгиот центар на главниот град не ја мачи.
Овој стан има 175 метри квадратни, а кога го купила сменила се' во него.
„Има предности и недостатоци на живеење во центарот на градот. Улицата Кнез Милоша е една од најпрометните, секогаш е бучно. Ни се случува да не можеме да го отвориме прозорецот неколку дена, ако има нешто надвор. Но, од друга страна, интересно е кога животот врие под прозорецот, ова е крвотокот на главниот град.
Зградата во која живеам е изградена истата година кога сум родена, но јас сум во многу подобра состојба од неа. Соседите се многу фини. Во почетокот, кога се преселив овде, тие малку се двоумеа за мене, мислеа дека сум вообразена, дека ќе глумам sвезда, но брзо сфатија дека сум нормална личност “, рече водителката.
Реновирањето на домот на Сузана траело долго време, но таа уживала во сето тоа. Она што особено ѝ се допаѓа, како и секој што првпат влегува во станот, се пространите тераси со неверојатен поглед кон западниот дел на главниот град.
-Станот беше во многу лоша состојба кога го купив. Вложив многу напор, нерви и пари за да го реновирам. Сменив апсолутно се“: паркет, столарија, инсталација, за што беа потребни цели четири месеци. За среќа, тогаш имав пари, па можев да финансирам. Но, овој поглед, вредеше за мојот напор. Пред да се преселам тука, живеев во Земун, Москва и Кипар. И моите ќерки се многу задоволни од оваа локација, бидејќи се' им е близу. Навикнати се на бучава и загадување “, опишува Сузана, која по преселбата на нејзината постара ќерка Теодора, остана да живее тука со својата помлада наследничка Наталија и нејзината сестра Невена.
-Станот е простран и сончев, и има три тераси полни со цвеќиња. Јас сама се грижам за се', но за жал, не успевам бидејќи има многу загадување во центарот на градот. На тераса со поглед на црквата секое утро пиеме кафе, а тоа е и катчето на ќерка ми Наталија, бидејќи е пушач.
Не и дозволувам да пуши во станот, бидејќи ми пречи", вели Манчиќ, чиј простор за живеење е полн со мали детали што ги собрала во различни делови од светот.
Кога се преселила во овој стан, со себе донела пет полни камиони, искрена е Сузана.
ГАЛЕРИЈА:фото/извор:Dragana Udovičić/GLOSSY