Член на семејството ме силуваше кога имав 9 години и ми се закани да молчам за тоа: Пејачката ја отвори душата и настана тишина

Глорија Естефан, популарна пејачка со кубанско-американско потекло, призна дека била жртва на силување

Работата да биде уште полоша, таа го доживеала овој сексуален напад кога имала само девет години, од страна на член на нејзиното пошироко семејство, кој бил „почитуван член на заедницата“ и кон кого нејзиното семејство имало доверба.

Пејачката зборуваше за овој немил настан и траума од детството во емисијата „Red Watch“, која беше емитувана на Фејсбук минатата недела.

- Тој беше семејство, но не и блиско семејство. Тој беше моќен, а мајка ми ме запиша во неговото музичко училиште, па веднаш почна да ми кажува колку сум талентирана и колку треба да ми се посвети посебно внимание, рече таа.

- Кога сфатив што се случува и се заканив дека ќе каже се‘, тој ми рече дека не можам ништо да направам бидејќи татко ми е во Виетнам, а мајка ми ќе биде убиена ако кажам на некој, ги раскажа пејачката шокантните детали. 

- Полицијата подоцна ѝ кажа на мајка ми дека е подобро да не поднесе тужба поради траумата што може да ми ја нанесе - додаде Глорија Естефан во споменатото шоу.

Јасно е дека она што го преживеала како деветгодишно дете, како и долгогодишното молчење за таков стресен настан, оставија многу психолошки последици врз пејачката, па нејзиниот јавен настап на таква болна тема беше навистина храбар потег.


Фото: Фејсбук/screenshoot

Алексис- Џоан Колинс: Ја силувал на 17 години, па се омажила за него