Чоко-портокал бомбици кои мора да ги пробате! РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ
Чоко-портокал бомбици кои мора да ги пробате! Кремасти, чоколадни, убава арома на портокал.
Ви требаат:
• 150г мелени јаткасти плодови
• 100г стопено црно чоколадо
• 100г свежи урми мерени без семка
• 2 лажици сок од портокал
• кора од 2-3 портокали
• чоколадо за покривање на бомбиците ( околу 100г)
Подготовка:
Изблендирајте ги урмите убаво додека не добиете хомогена смеса, потоа додадете ги јатките и изблендирајте и на крај стопеното чоколадо и сокот од портокал и кората. Ако немате процесор, изблендирајте ги само урмите и другите состојки мешајте ги рачно. Направете околу 15 топчиња. Ако е многу мека смесата, оставете ја 10-15 мин во фрижидер за да се стегне чоколадото во неа и полесно да се прават топчиња. Потоа покријте ги топчињата со чоколадо.
*Рецептот е преземен од Инстаграм профилот на нутриционистката Ана Марија Кузмановска
ФОТО: Инстаграм Ана Марија Кузмановска