Чоко пудинг од јапонски јаболка: Здрав рецепт од две намирници на Живкица Каленикова
Сезона е на јапонски јаболка и ги има во изобилие периодов, но и покрај тоа што сите знаеме колку се здрави за консумирање, особено децата - не ги сакаат многу.
Деновиве на социјалните мрежи кружи популарен рецепт за здрав чоко пудинг од јапонски јаболка, а го сподели и водителката на ТВ емисијата „Тунел“, Живкица Каленикова.
Како мајка на три деца - Даријан, Марко и Ана, водителката често знае да сподели по некој ваков корисен и лесен рецепт со своите пријатели и следбеници.
- Јапонски јаболка - тешко да ги подвалиш на деца ама прочитав некаде рецепт за чоколаден пудинг со нив и реков ајде да пробам. На едно јапонско јаболко, лажица какао. Во еден блендер, во чашка и 15 минути во фрижидер. Драма дечки - напиша таа и сподели кратко видео.
Испробајте и вие, нема да зажалите:
Проја со мелено месо: Дури и свекрвата ќе ве пофали