Животна училница // Семеен Албум
Знаев дека си посебна: Водителката Живкица Каленикова со емотивна порака
Авторката и водителка на ТВ емисијата „Тунел“, Живкица Каленикова по повод Интернационалниот ден на ќерките сподели интересно видео на Инстаграм, токму од нејзината ќерка Ана.
На видеото малата наследничка чита и зборува англиски супер за нејзини години. А, мама Живкица до видеото напиша: „Си помислив дека можеби ќе си “one of a kind” (посебна) кога успеа да ми се скриеш до 4-ти месец. Секој ден сум се поубедена дека е така. Љубов помеѓу мајка и ќерка. Среќен Интернационален ден на ќерките“.
Инаку,, Живкица Каленикова е среќно мажена за бизнисменот Зоран Калеников, тие имаат три деца, Даријан, Марко и Ана.
Видео и фото: Инстаграм
Со три деца дома стануваш лавица: Познати домашни личности со побројни семејства