Чудесната моќ на природниот сок од калинка

Добивај вести на Viber

„Клинката успева само во овие краишта - Богданци, Валандово и Гевгелија. Таа си бара медитеранска клима, исто како маслинката или смоквата. Кај нас секоја куќа, ако не повеќе, има барем по две коренчиња калинка. Порано, луѓето не мислеа на преработка или индустриско производство, едноставно ја садеа онака за јадење, да има колку за нив. Таа е чудесна, неверојатно здрава, ништо не помага за подобрување на крвта како нејзините зрна или сокот од калинка. Тоа посебно го видовме во време на пандемијата од корона, кога сите се соочувавме со одредени проблеми со здравјето.“ Вака ја започнува приказната за својот семеен бизнис, Драги Семенпеев од Богданци, основач на Органик Нар, компанија која од неодамна започна со производство на сокот од калинка – Art Juice.

Органик Нар е прва македонска компанија со сериозна стратегија за производство и обработка на калинката и со инвестиција во капацитет според светски стандарди. Како луѓе кои цел живот работат во Богданци, Семенпееви добро го познаваат реонот, неговиот потенцијал, но и проблемите со кои се соочуваат земјоделците таму. 

„Вкусните калинки, оние кои не ги личи за око и за на трпеза, иако квалитетни, остануваа на нивите. Луѓето ги оставаа, бидејќи немаа каде да ги продадат, да ги пласираат. Затоа се одлучивме да отвориме фабрика за сок, каде што ќе ги цедиме не само калинките од нашите насади, ами ќе откупуваме и од локалните одгледувачи. Првата година произведовме околу 50 тони 100% сок од калинка. Имаме специјална машина со која сокот го добиваме само од зрната на калинката, а останатите делови се фрлаат. Процесот е со ладно цедење. Првата година направивме и откуп од соседите кои се занимаваат со одгледување калинки. Задоволни сме што и тие сфатија дека ова е добро за сите. Немаме големи трошоци за транспорт, се знаеме, се разбираме, си ги познаваме маките, и што е најважно ги знаеме благодетите на нашата домашна калинка, колку е вкусна и квалитетна и нејзините позитивни ефекти за човековото здравје“, вели Семенпеев.

Насадите на семејството Семенпееви се во близина на Казндол, каде што се и калинките на одгледувачите со кои сорабтуваат. Реонот е вистинска недопрена природа, со река во близина и изобилство чист воздух. Калинката е единственото овошје што не се прска и не се третира со пестициди и хемикалии и токму затоа е и толку здрава. Сокот од неа, кој тешко се добива во домашани услови, е чиста природа во чаша.

Визијата на компанијата за вложување во локалниот развој доби поддршка од Мрежата за рурален развој (МРР) и од Шведската организација за развој We Effect, со кои Органи Нар веќе соработувашe во обуки и едукација на локалното население и земјоделците за производство и пласман на калинката. Во оваа фаза важно беше да се следи и потребата од нови сорти калинка со кои треба да ги заменат старите за да се постигне подобар успех и за одгледувачите и за производителите на сок.  

Органик Нар започна соработка и со Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, каде ќе се прават дел од анализите за својствата на сокот. Студентите од ТМФ пак ќе имаат можност за пракса токму во погонот на фабриката.

Art Juice e пијалок за сите, а особено се препорачува за деца, aктивни и динамични луѓе, спортисти, луѓе кои лесно доаѓаат до информации за светските трендови за здравата исхрана. Калинката е богата со витамини и претставува моќен природен антиоксиданс, кој е особено корисен за кардиоваскуларните заболувања. 

„Повторно ќе кажам – калинката е чудо на природата. Порано, мајките, свекрвите, постарите жени им подаруваа калинка на младите невести за да бидат плодни. Општо, калинката од памтивек важела за природен афродизијак, и за мажи и за жени“, раскажува низ смеа Драги, завршувајќи ја приказната за уметноста на природата и умешноста на правењето природен сок од калинка.

Art Juice е достапен во амбалажа соодветна за консумирање во домашни услови односно bag in box, која го штити сокот, не дозволува да оксидира и е едноставна за користење. 


ПР објава