Чудесното „сирена породување“ се случува еднаш во 80 000 случаи: Овие неверојатни близнаци го изненадија целиот медицински персонал

Добивај вести на Viber

Близнаците родени со породување „сирена“ изгледаат неверојатно, а го воодушевиле сите во болницата целиот медицински персонал.

Приказната за двајцата браќа, еднојајчани близнаци, не престанува да го фасцинира светот, а нивните родители не можеле да поверуваат што се случува кога ги виделе.

Случајот на овие близнаци го воодушеви светот, бидејќи породувањето „сирена“ се случува еднаш во 80.000 случаи. Имено, породувањето се случило во источна Шпанија, а медицинските работници биле воодушевени од глетката што ретко кој има можност да ја посведочи.


Гинекологот Ана Теијело го предводела медицинскиот тим што го направил овој царски рез. Се родиле близнаци, но не на секојдневен начин.

„Денес во болницата имавме ‘прикриен’ царски рез и тука се гледа воодушевувањето на учесниците. Ова се деновите што ни помагаат да се потсетиме зошто го работиме ова. Споделуваме сè со дозвола, секако“, рекла Ана и споделила видео од породувањето.

Прикриеното породување е познато и како „сирена раѓање“ и изгледа многу чудесно. Бебето излегува во недопрена амнионска кеса (вода), која обично пука кога мајката ќе започне со породување, пишува Јумама.


Експертите велат дека ваков случај се случува еднаш на 80.000 раѓања!

Близнаците се родени живи и здрави, а персоналот бил воодушевен.


Foto: Printscreen Twitter/AnaTeijelo