Чудни европски закони и правила што ќе ве насмеат
Невообичаени закони и правила се составен дел од животот. Тие се своевидни сведоци на одредено време и луѓе кои управуваат со некоја област. И да, повеќето од тие закони постојат затоа што никој веројатно не се сетил да ги промени уште од моментот кога беа донесени.
Некои беа изгласани да привлечат внимание кон одредено место или крај. Забавувајте се и проверете ги некои од најчудните европски закони и правила.
1. За време на Октоберфест во Минхен, никој никогаш не е легално пијан, без разлика колку алкохол консумирал.
2. Нелегално е во Севиља да се суши долна облека на тераса. Може да се дозволи други алишта да се исушат, но не и гаќички или градници. Ако ве фатиат со ваков прекршок, може да платите казна до 3000 евра.
3. Секое дете родено во Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllantysiliogogogoch во Велс мора да биде во можност да го напише името на неговиот град до шестиот роденден и да го изговори гласно до 34-годишна возраст.
4. Во Франција е нелегално да се именува својата свиња со името Наполеон, иако поминаа над 200 години од смртта на тој император. Законот датира од 1881 година и беше донесен за народот на тој начин да не искаже непочитување кон Наполеон Бонапарта.
5. Разводот е нелегален во Ватикан.
За повеќе чудни закони и правила во светот, прочитајте на Машки магазин