Чудото на Свети Никола! Синот на Жана ѝ умрел во раце и пак оживеал: Лекарите не можеле да поверуваат што се случило
Чудото што се случи во семејството Брковиќ од Дубровник пред четири години, токму на Свети Никола, се прераскажува до ден денес.
Благодарение на присебноста на младата мајка Жана, која тогаш имаше 24 години, тримесечниот Романо остана жив, пишуваше тогаш загрепскиот 24сата, а приказната го разбуди интересот на целиот регион.
- На денот на Свети Никола во 16 часот и 30 минути го доев и отидов во кујната да направам дополнителна храна. Слушнав чуден звук, како блага кашлица, и се втурнав во собата. Се гушеше. Почнав да го тапкам по грбот, го ставив преку коленото, а тој почна да превртува со очите. Му давав вештачко дишење уста до уста и пак ништо, дури немаше ни пулс. Го грабнав, боса истрчав на улица со пижами и го запрев првото возило што дојде – раскажала тогаш Жана.
Во автомобилот имало брачен пар, а сопатничката Грациела веднаш го зела Роман во раце обидувајќи се да го оживее, а во исто време ја смирувала и охрабрувала Жана.
Тие веднаш се упатиле во болница, а медицинските сестри го извадиле бебето од прегратките на мајката и ги повикале лекарите кои ја започнале борбата за животот на момчето. Имал конвулзии, но со лекови му ги стабилизирале нападите и повикале хеликоптер да го префрлат во КБЦ Сплит.
- Според степенот на вкочанетост и зениците, десет минути беше без кислород, а мене ми траеше како една година - вели оваа самохрана мајка, додавајќи дека не знае како останала сталожена.
- Кога пристигна хеликоптерот, не ме пуштија да одам со нив. Утрото закажав термин да бидам кај него во одделението како доилка. На секои 10 минути му се јавував на доктор Житко, кој го прими, да проверам дали е жив - се сеќава Жана.
Романо бил во инкубатор, поврзан со машини кои ги одржувале неговите витални функции. Беше во кома за да спречи отекување на мозокот и полесно закрепнување.
- Застанав покрај инкубаторот и му шепнав, а тој почна да се движи. Тогаш лекарите му ја зголемиле дозата за да не се буди од кома три дена. Ми рекоа да бидам подготвена за последиците, но се чини дека се е во ред. Се смее, фаќа играчки, реагира и нормално комуницира. Тој е мојот мал херој – изјавила Жана која со синот била во болница повеќе од две недели.
Фото: Pink.rs
Извор: Pink.rs