Чудотворна женска работилница со Исидора Бјелица, Јована Хисмајер и Снежана Билко
Познатата писателка на многу бестеселери Исидора Бјелица, Јована Хисмајер, Србинка која живее во Австрија, и е тренер за личен развој на светски познати ѕвезди и Снежана Билко, македонски мотивациски говорник ќе одржат заедничка работилница во Скопје.
На 15 декември во хотелот „Порта“ во Скопје трите дами ќе се здружат на настанот „Чудотворна женска работилница“ (MIRACLE LADIES WORKSHOP) кој ќе биде отворен од 9.30 наутро. Во првиот дел од работилницата ќе се зборува на тема „Трансформирај се и спознај се себе си“ и ќе одговара на прашањата: Што претставува љубовта кон себе и зошто е таа од особено значење, ќе се работат вежби и медитации и ќе се учат техники и методи за личен раст и развој.
Во вториот дел од работилницата програмата ќе ја водат Исидора Бјелица и Јована Хисмајер а е посветена на дуалната терапија или како пријателка најдобро може да помогне на пријателка. Токму на дуалната терапија се базира новата книга на Хисмајер и на Бјелица „Помагајте пријателки“. На индивидуални прашања, авторките ќе одговараат од 19 до 20 часот.
Цените за учество, во зависност од терминот на уплата чинат од 4.000 денари до 5580 денари.