ЧУВАЈТЕ ГО: Денес е Светски ден на здравјето

Добивај вести на Viber

Денес е Светски ден на здравјето.

Овој ден е посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО).

Во 1948 г. СЗО го одржала своето I Здравствено собрание, на кое е решено 7 април секоја година да се одбележува како ден на здравјето, почнувајќи од 1950 г. Овој ден е датумот кога е основана СЗО и таа пригода се смета за прилика да се привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува светот. 

Светската здравствена организација приредува меѓународни, регионални и месни натани со извесна тематика која е важна за таа година.