ЦИМЕТ: За што е добар и како да го конзумирате?

Добивај вести на Viber

Научниците открија дека циметот е состојка што во голема мера го подобрува нивото на шеќер во крвта. Секојдневното конзумирање на цимет ги регулира шеќерот, холестеролот и триглицеридите.

Научници од Универзитетот во Торонто, пронајдоа дека внесувањето на цимет може значително да го намали крвниот притисок, особено кај луѓето со дијагностициран дијабет. Циметот  придонесува за намалување на нивото на шеќер ви крвта, поради тоа што прави контрола на глукозата со зголемување на ефективноста на инсулинот.

Циметот ги убива бактериите во устата. Во Шри Ланка, стапчињата од цимет се користат како забни чистачи.

Тој е добар во борбата со варењето, при инфекции на бубрезите, при настинка, грип.

Достапен е во текот на целата година, но најпримамлив е во текот на студените денови.

Тој може да се конзумира во комбинација со мед. 

Мешавината од мед и цимет има многу лековити особини.