„Тоа што го сака, мудрецот го бара во себе. Простиот човек тоа го бара во другите.“ – Конфучие
„Еден разговор со мудар човек вреди повеќе од месеци учење од книга.“ – Кинеска поговорка
„На паметниот човек смешно му е скоро сè, на мудриот скоро ништо.“ – Гете
„Подобро е да разберете малку отколку погрешно да разберете многу.“ – Анатол Франс
„Мудроста е ќерка на искуството.“ – Леонардо Да Винчи
„На разумните им оди сè кон подобро, а неразумните или остануваат какви што биле или (што е повеќе веројатно), ако не се подобрат – нив им оди сè полошо.“ – Доситеј Обрадовиќ
„Човекот никогаш не може да каже толку мудрости, колку што може да премолчи лудости.“ – Јован Дучиќ