Creative Hub прослави 6 години

Добивај вести на Viber

„6 години Creative Hub , 6 години создавање успешни приказни, гледање трансформации на кариери, од невработени во вработени. “ со овие зборови го започна говорот Аријана Коскарова, ко-основач на Creative Hub, Академија за дигитални вештини.

На 14.12. , во хотел Александар Палас, пред своите студенти, соработници, амбасадори, функционери, медиумски претставници, предавачи и пријатели, Creative Hub го прослави својот шести роденден.

Со програма која вклучуваше класична музика со оперска изведба на композиции од Френк Синатра, Витни Хјустон и други, над 120+ гости уживаа во амбиентот.

Коскарова ги спомена дел од успесите на Creative Hub низ годините, како наградата „Форбес под 30 “, наградата за претприемач во Давос за време на Светскиот Економски Форум, отворањето на вториот центар во Приштина во 2019 година, но и не заборави да ја истакне и гордоста од отворање на третиот центар во Мајами, како и официјалната лиценца на Creative Hub како акредитирана Академија за дигитални вештини, од американското министерство за образование.

На настанот се обрати и Бојан Коскаров, ко-основач и извршен директор, кој истакна дека тој и Аријана се само мал дел од Creative Hub, но и дека најголемиот успех му е кога ќе види како некој студент се вработил и ја променил кариерата по завршување на Академијата.

Огромно изненадување за гостите беше и говорот на претседателот на Стопанската Комора на Македонија, Бранко Азески кој раскажа како се запознал со Коскарови во 2019та година во Охрид . Азески не штедеше зборови за младите претприемачи, нарекувајќи ги „ бизнисмени на иднината “ и искажа воодушевување и гордост за сите нивни успеси. Целосниот говор погледнете го тука.

Коскарова го заврши говорот во насока на плановите за следните 6 години и притоа рече:

„Единственото нешто што никој неможе да ти го земе е твоето знаење. Вложувајте во знаење и едукација бидејќи колку повеќе знаење имате толку повеќе вредите.

Следниот настан ќе го правиме кога Creative Hub ќе излезе на берза во Њујорк!  “

ПР објава