Црнокрак диктираат модa: Модно усогласени во парче кое секогаш е во тренд

Добивај вести на Viber

Без разлика дали се обидуваме да ги следиме сезонските трендови или не, едно е сигурно: тексасот никогаш не излегува од мода!

И oваа година модниот свет остави простор и за класиците. А еден од нив е секако тексасот!

Овој материјал бил измислен од Џејкоб Дејвис и Леви Штраус во 1873 година, а првично се користел за изработка на работни одела. Наскоро од тексас се создадени познатите фармерки „Левис 501“, а потоа комбинезони, фустани, јакни, па дури и патики.

Денес, речиси секоја облека има своја тексас верзија и со постојани подобрувања, промени во дизајнот, бојата и моделот, тексасот сè уште е незаменливо парче во секоја гардероба. 

Тексасот дефинитивно е омилено парче и во гардеробата на познатата двојка Светлана и Мики Црнокрак.


На последниот јавен настан тие се појавија модно услогасени во тексас фармерки.

Толку едноставно, а сепак модерни Црнокрак се наша денешна инспирација. Нудат комбинација која може секој да ја ископира, а со која нема да погрешите.

Затоа, доколку сакате да бидете во тренд оваа сезона, едноставно изберете тексас! 


ФОТО: Инстаграм