Црвената боја е моќ и страст: Какви вратоврски сака Заев

Добивај вести на Viber

Црвената боја претставува моќ и страст, вели аналитичарот на трендови Марк Вудман, кој често го коментира стилот на политичарите.

Токму вратоврска со црвена боја со точки, избра премиерот Зоран Заев, за средбата со неговиот грчки колега Алексис Ципрас, денеска во Скопје. 

Заев и Ципрас, утрово во Скопје 

Фото: Фото: Катимерини.гр 

Не е случаност што речиси сите светски политичари често носат црвени вратоврски кои ги комбинираат со светли кошули и со темни костуми. Модниот аналитичар додава дека политичарите сакаат вратоврски со повпечатливи бои за да не им бидат здодевни на луѓето околу нив додека зборуваат. 

Заев претходно носеше црвена вратоврска и на средбата со Фредерика Могерини во Скопје

Фото: Ројтерс 

Темните тонови на облека укажуваат на изградба на доверба, а вратоврските со црвена боја се поврзуваат со креативноста. Заев во комбинација со темните костуми и со белите кошули, избира различна боја на вратоврски. Темно виолетовата боја асоцира на богатство, жолтата праќа порака на сигурност и виталност, а за најмодерна боја за избор на вратоврска е сивата. Ако не знаете какава боја на вртоврска да изберете, облечете сина, таа асоцира на смиреност, велат модните критичари. Заев често знае да избере вратоврска со сина боја и со црвена боја. 

На насловната фотографија на неговиот официјалниот Фејсбук профил, Зоран Зев е со сина вратоврска 

Премиерт претходно носеше црвена вратоврска и на средбата со Емануел Макрон во Софија, и со Фредерика Могерини во Скопје, како и на потпишувањето на преспанскиот договор минатата година.