Д-р. Беќаровски: Од лупење по нозете, до опаѓање на косата-Ковид-19 доведува до голем број здравствени проблеми кај излекувани пациенти

Добивај вести на Viber

Иако е премногу рано и засега нема цврсти научни објаснувања, сепак, постојат инцидентни случаи на пациенти кои пред неколку месеци се излекувале од корона вирусот, сега да се соочуваат со други здравствени проблеми, вели во разговор за Фактор, професор д-р. Нико Беќаровски, интернист-клинички токсилог од Клиниката за токсикологија.

Тој појаснува дека предолгиот стрес, стравовите кои пациентите ги доживуваат за време на лекувањето од Ковид-19, посебно во болнички услови, каде што гледаат една многу поинаква слика и одблиску се соочуваат со цела таа борба да се победи болеста, може да доведат до низа други заболувања.

-Навистина е смело, но и премногу рано да тврдиме дека агресивната терапија која им се дава на пациентите со цел да им се спаси животот е директно поврзана со проблемите кои сега ги имаат. Но, веќе има случаи на пациенти кои успешно биле излекувани од корона вирусот сега да имаат и срцеви проблеми, некои имаат и мозочни удари, кај други се јавува дијабетес, иако претходно немале, кај дел од нив се јавуваат бубрежни заболувања. Сум видел и пациенти кај кои се јавува чудно и необјасниво лупење на нозете, се засилува псоријазата, сето ова се случува во тој пост-ковид период, посочува во нашиот разговор проф.д-р. Беќаровски.

Дополнително, како што вели тој, некои пациенти пак, имаат и опаѓање на косата, и како што истакнува, тоа е можно поради претрпениот страв и долотраен стрес на организмот, но сепак за ваквите пост-ковидни појави се уште нема научни објаснувања.

-Најдобро ќе беше да водевме од почетокот еден регистар на заразените, на овие 60-тина илјади, да видевме кој како е конкретно лекуван, каква терапија му е давана, какви последици има сега. Така е многу полесно да се направи една сеопфатна анализа што се може да предизвика Ковид-19 и кај излекуваните пациенти, оние кои успешно се изборија со самата болест, но што им се случува сега, посочува токсикологот Беќаровски.

Инаку, како што вели, од појавата на Ковид-19 до сега постојат две докажани мутации, едната шпанска, а другата данска мутација.


Целиот разговор со д-р Нино Беќаровски, прочитајте го на Фактор.мк


Фото: фактор.мк