Д-р. Беќаровски: Од „само пијте дома минерали, витамини Ц и Д“, доаѓаат пациенти со сериозни компликации

Добивај вести на Viber

Доктор Нико Беќаровски, директор на Токсикологија, во вчерашното гостување на емисијата Топ тема на Телма, рече дека во земјава има грешки и во третманот на пациентите кај кои е дијагностициран коронавирусот. 

„Тука е малку дискутабилен и начинот, со кој јас лично не се согласувам, а тоа е преку телефон да се води медицина. Друго е кога пациентот ќе го види стручно лице, односно доктор. Барем еден контакт секој од болните мора да има или со својот матичен лекар, или со друг доктор, кој што ќе процени. За жал не е така според сегашната процедура. Ние дојдовме до ниво на телефонска и онлајн медицина. За жал, пациентот, односно испитаникот некогаш не може да го препознае својот симптом. Можеби кога ќе го види докторот ќе препознае некој од симптомите кои вака самиот не може да ги каже“, рече Беќаровски. 

Тој вели дека некои протоколи мора да постојат, првин за одредување на клиничката тежина на сликата, но и кој каде ќе се лечи. 

„Јас уште не сум видел водич, смерници, за лечење. Разговарав со голем дел од матичните лекари - врз оснива на што се проценува кој каде понатаму ќе се упати. Ние мора да унифицираме во сите болници да има исти протоколи за лечење. Тие протоколи треба барем еднаш месечо да се ревидираат. Секој ден се појавуваат нови лекови. Дел од нив ќе ги вклучиме во терапевтските протоколи за тоа што нашите експерти ќе оценат дека треба, за дел ќе речеме дека би било убаво да ги применуваме, меѓутоа оваа држава тоа не може да го покрие финансиски, а дел ќе ги отфрлиме. Значи, ние мора да имаме и наша научна мисла - виролози, епидемиолози, интернисти, хематолози, пулмолози, кои ќе седнат и ќе кажат - на Инфективната клиника одат пациенти со таква клиничка слика и лабораторски наоди“, вели овој лекар.


Целиот текст прочитајте го на фактор.мк