Д-р. Докиќ: Потстивнува налетот на пациенти на кои им треба хоспитализација

Добивај вести на Viber

Доктор Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија, во Студио 10 на ТВ24 рече дека јавноста не треба да се плаши дека ќе нема место во болниците, меѓу другото и затоа што динамиката на исполнување на капацитетите како да подзастанала. 

„Сметам дека јавноста не треба да се плаши дека нема да има место за сите. Од друга страна, динамиката нешто подзастана. Можам да ви кажам дека откога ја пуштивме новата Ковид болница на ТБЦ Институтот, според брзината на исполнувањето на местата, имаме веќе запирање на оној рапиден галоп, веќе нема толку многу секојдневно приеми колку што беше во изминатите две-три недели. Така што, очекувам дека со мерките кои стапија во сила, во наредните 15 ден постепено да се намалува притисокот на болните кои ќе бараат хоспитализација. А секако, во резерва се и 200 легла од другите клиники, така што сметам дека нема да дојде до колапс на здравствениот систем“, рече д-р. Докиќ.

Според него, проблем е што со позитивни тестови направени во приватни клиники во сопствен аранжман, а не преку матичен лекар, некои пациенти со такви резултати доаѓаат без упати и се мешаат со другите пациенти, знаејќи дека се позитивни. 

Целиот текст за налетот на пациенти на кои им треба хоспитализација, прочитајте го на Фактор.мк