Д-р. Исјановски: Договорите на медицинските сестри ќе бидат продолжени, постапката во моментов е во ФЗОМ
Утринава жестоко одекнаа реакции по постот што го објави новинарот Фуркан Алиу, кој пишува дека на 40-тина медицински сестри не им е продолжен договорот за вработување, а беа дел од кадарот во Итната медицинска помош.
Алиу посочува дека тие нивните фотографии, на кои се гледаат лузните од маските, министерот Венко Филипче, во периодот на кризата ги јористеше само за ПР
-Лузните кои се појавуваа на лицето на Азра после цел ден носење на заштитна опрема, борејќи се да спаси живот повеќе беа многу битни за министерот Венко Филипче, кога требаше да ги објавува нејзините слики и да го користи нејзиниот труд за ПР. Денеска тие лузни се заборавени! Заборавени се затоа што требаше да им се продолжи договорот. Во време кога има недостиг на кадар, кога директорката на ИМП јавно изјави денеска дека би било добро ако има уште неколку екипи, Азра, нејзината другарка Исра, и на уште 40-тина медицински сестри, не им е продолжен договорот. Замислете како би требало да се чувствуваат другите медицински сестри или лекари кога ќе прочитаат дека Азра и Исра, работеле од 01.11.2019 до 31.10.2020, во најтешкото време, кога не знаевме ни колку опасен може да биде вирусот, без здравствено осигурување, а денеска, без ниту едно објаснување се оставени на улица. Навистина би сакал да верувам дека сум во сигурни раце кога ќе отидам во државна клиника, но зошто мене лекар да не ме третира, како што министерството и власта ги третира овие медицински сестри, пишува Фуркан Алиу во неговиот денешен пост на Фејсбук.
За оваа тема, Фактор побара одговори директно од надлежните, однсоно од раководителката на ИМП, д-р. Милица Бубало, како и од директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р. Виктор Исјановски.
Д-р. Бубало посочува дека договорите им се навистина завршени, но нејзините ингеренции се единствено до моментот кога на директорот може да каже дека има потреба од одреден медицински кадар, а понатаму одлучуваат повисоки инстанци.
-Јас единствено бев известена од правната служба дека договорите кои им траеја една година им се завршени. Но, јас сум само раководител и не одлучувам за вработувањата. Можам да побарам дополнителен кадар ако има потреба. А, во Итната медицинска служба секогаш има потреба од медицински кадар. Сега имаме медицински сестри колку што имаме возила. Некои од медицинските сестри се во изолација, па правиме преместувања, ротации и така натаму. Во секој случај, моите надлежности завршуваат тука. Што се однесува пак, до немањето заштитна опрема, можам да речам дека има за сите во секое време. Никогаш не сме оставиле, екипите да ризикуваат да се заразат со вирусот заради немање заштитна опрема, вели за Фактор, д-р. Бубало.
Повеќе информации за медицинските сестри, прочитајте на Фактор.мк