Д-р. Костов и д-р. Стевановиќ: Дебелината ризик број еден за смртност од ковид-19 кај младите
Досега неколку млади лица ја загубија битката со коронавирусот, директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р. Милена Стевановиќ рече дека, најголемиот број од младите починати биле со прекумерната тежина.
Освен дијабетот, хорничните срцеви заболувања, хроничните белодробни заболувања, астма и ХОББ, болестите на бубрезите, лекарите како еден од најсериозните коморбидитети ја посочуваат прекумерната тежина или обезитас.
Во неколку наврати до сега лекарите предупредуваат на коморбидитетите кај граѓаните, кои доколку се заразат со корона вирусот, се лекуваат многу подолго, а најголем процент од нив завршуваат фатално, односно со смртни последици.
Неодамна во разговор за Фактор, д-р. Стевановиќ рече дека дебелите луѓе едноставно не може да имаат здраво срце, здрави бели дробови, здрави вени и артерии, и токму поради тоа многу потешко се изборуваат со болеста или воопшто и не може да го победат Ковид-19.
-Исхраната е крајно лоша, а сето тоа си го зема својот данок. Еден од главните фактори за смртност, независно од возраста на пациентите, е дебелината. На Инфективната клиника е хоспитализирано 12-годишно дете со прекумерна тежина и е во навистина сериозна состојба. Сакам да речам дека, луѓето со прекумерна тежина не може да имаат здраво срце, не може да имаат здрави крвни садови, и во тој случај организмот не може да се бори со многу болести, па еве сега и со корона вирусот, посочи д-р. Стевановиќ