Д-р Ли со 6 совети како да го намалите ризикот за зараза од коронавирус
Д-р Дебора Ли напиша неколку совети за тоа како да се избегне заразувањето со Ковид-19 за време на празниците.
1. Носете маска
Ли вели дека носењето маски е пропишано како задолжително од една главна причина, а тоа е дека маските штитат.
„Зошто е тешко за некои луѓе да прифатат носење маска? Ако носењето маска спречува дури и еден случај на пренесување на ковид-19, зарем тоа не е доволна причина да се започне да се носи?" - прашува докторката.
Таа исто така цитираше бројни студии кои покажаа колку носењето маска ги штити луѓето од пренесување на инфекцијата и додаде дека ако најмалку 80 проценти од луѓето ја почитуваат пропишаната обврска да носат маска, бројот на лица заразени со коронавирус нагло ќе падне.
2. Избегнувајте големи собири
Објаснувајќи зошто не треба да одите на големи собири, Ли даде пример. „Ако секое од 10 заразени лица оди на свадба, со да речеме, 100 гости, тоа може потенцијално да зарази 1.000 луѓе. Ако 10 заразени одат на помала венчавка, да речеме, од 10 гости, бројот на заразени може да биде 100", - вели таа. .
Таа посочи дека големите собири се од висок ризик, а на нив може да има луѓе кои немаат никакви симптоми, но можат да ја шират инфекцијата, па затоа е најдобро да ги избегнувате сè додека не се контролира целата ситуација.
3. Научете да кажувате не доколку ризикот е преголем
Ситуацијата во која се наоѓаме сите е потполно нова и невообичаена, па такви се ситуациите кои беа нашето секојдневие до вчера. Ако сте планирале да одите на некој настан или сте се договориле со пријателите да одите на патување, но не се чувствувате безбедно и воопшто не сакате да одите, кажете им го тоа. Бидејќи сите се наоѓаме во различни ситуации, секој мора да биде во можност да го направи она што мисли дека е правилно за себе, без да се чувствува виновен.
4. Не верувајте во митови
Има толку многу митови за ковид-19 и тие се шират од луѓе кои не веруваат дека коронавирусот постои.
„Вирусот е жив и многу, многу реален. Можете да го видите и преку микроскоп, така што не ми е јасно како некој може да негира цврсти научни докази? Сомневањето во врска со постоењето на вирус што зарази 64 милиони луѓе ширум светот и уби 1,5 милиони луѓе е навреда за глобалната наука, како и за оние кои ги загубија своите животи“ - децидна е Ли.
„Ова е сериозен, опасен вирус и можноста да ве убие е најмалку три пати повисока од грипот, па дури и поголема ако спаѓате во ризична група“, додава.
5. Верувајте во науката
Медицински истражувања и научни експерименти обезбедија многу информации за коронавирусот. Знаеме како се пренесува, кои третмани за заздравување се најефикасни, а за рекордно време, научниците успеаја да развијат дури три вакцини.
Запрашајте се - ако сте вие национален лидер, како би го решиле проблемот со пандемијата? Каде би оделе за одговори? Како би ги советувале сите ваши граѓани да бидат безбедни? Има само еден одговор - би ја следеле науката, вели д-р Ли.
6. Грижете се за вашето тело и имунолошки систем
Јадете здраво и обидете се да јадете помалку црвено месо, и повеќе пилешко, риба и мешунки, овошје и зеленчук, кои се полни со антиоксиданси, што ќе го зајакнат вашиот имунолошки систем. Јадете повеќе влакна и намалете ја количината на сол во вашата храна. Пијте повеќе вода и намалете го алкохолот.
Бидете сигурни дека вежбате умерено триесет минути најмалку пет пати неделно, и грижете се за вашата тежина и обидете се да се ослободите од вишокот килограми. Превенцијата е најдобриот лек за секоја болест.
Извор: ba.n1info.com