Д-Р. МАЈА ПАНАЈОТОВИЌ: Полиците со витамини се празнат, витамиот Д-3 е најсилниот зајакнувач на имунитетот

Добивај вести на Viber

Во последните неколку недели сме сведоци на големите гужви во маркетите, редиците пред помалите продавници за храна и пред аптеките. Се купува во паника, а пандемијата од коронавирусот направи листа на најродавани производи. На врвот во супермаркетите се брашното, тестенините, маслото и тоалетната хартија, додека пак во дрогериите најмногу се продаваат средствата за дезинфекција, маските, ракавиците и витамините. Граѓаните во Скопје се пожалија дека во повеќе веледрогерии не може да се најдат витамин Ц и витамин Д3.

-Поминав во неколку маркети на ДМ и во неколку аптеки. Полиците со витамини се буквално празни. Не можам да најдам никаде витамин Ц со продолжено дејство и Витамин Д3, она што сега слушаме од докторите дека е најпотребно. За жал, во моментов немаат, вели Ида Стојановска од Скопје.

Лекарите пак велат дека имунитетот не се гради преку ноќ, па сега кога владее паниката во светот, луѓето наеднаш сакаат да внесат што поголеми количества витамини. Д-р. Маја Панајотовиќ, специјалист по медицина на трудот вели дека за силен имунитет, кој може да се избори со вирусни инфекции, потребно е подолго време континуирано да се внесуваат витамините.

Целиот разговор со др. Маја прочитајте го на Фактор.