Здравје // Совети
Д-Р НИКО БЕЌАРОВСКИ: Не се согласувам дека причина за падот на бројките е колективниот имунитет, оптимист сум дека годинава може да се оди на одмор
„Пост-ковид синдромот има различни симптоми, последно се појави пост-ковидна мозочна магла, замагленост на видост, омалаксаност. Но има и пост-ковид вертиго, кај оние кои поминаа со полесна форма, манифестирана со вртоглавица. Кај дијабетичарите има дисрегулација на шеќерот. Два до три месеци по Ковид има намален број на сперматозоиди, не се знае вирусот кај ќе удри и прави дополнителни проблеми“, ова меѓу другото го изјави професор д-р. Нико Беќаровски од Институтот за токсикологија, за Студио 10 на ТВ 24.
Тој вели и дека хронично зависните од алкохолот и во текот на пандемијата не запреа со негово конзумирање.
Сепак, како што објаснува, на Клиника на токсикологија има намален број на млади луѓе, пред се поради рестриктивните мерки