Д-р Никола Бондоно тврди дека флавоноидите спречуваат рак и срцеви болести: Ги има во овие намирници
Флавоноидите го намалуваат воспалението и дејствуваат како моќни антиоксиданси
Луѓето што повеќе јадат храна богата со флавоноиди имаат помала веројатност дека ќе заболат од рак и срцеви болести, за разлика од оние што ја одбегнуваат оваа храна, вели најновото истражување направено на Универзитетот во Австралија.
Ваквите тешки болести особено ги погодуваат пушачите и оние што консумираат алкохол. Ова откритие е резултат од анализата на исхраната што е спроведена во период од 23 години и во која учествуваа повеќе од 53.000 Данци.
Докторката Никола Бондоно, главниот водач на истражувањето, вели дека резултатите би требало да ги поттикнат луѓето на поголема консумација на овошје и зеленчук, особено оние што спаѓаат во ризична група за појава на рак или срцеви болести.
Некои истражувања тврдат дека голем број луѓе ги изгубиле своите животи, токму поради намалениот внес на овие намирници.
Студијата открива дека консумацијата на околу 500 милиграми флавоноиди дневно обезбедува најголема заштита од болести.
Храната што содржи флавоноиди вклучува овошје, зеленчук, темно чоколадо, чај и црно вино.
- Една шолја чај, едно јаболко, еден портокал, 100 грама брисница и 100 грама брокули пружаат широк спектар на флавоноидни соединенија и над 500 милиграми вкупно флавоноиди- заклучува д-р- Бондоно.