Д-р. Стојанов: Ако продолжи вака, неминовен е нов „локдаун“

Добивај вести на Viber

Уште не е толку лошо и во моментов не размислуваме за нови дополнителни мерки и рестрикции. Сепак, ако продолжи да се зголемува бројот на новозаразени на дневно ниво слично како вчера и ако има притисок за многу нови хоспитализации неминовно ќе биде да се оди на таканаречен „локдаун“ од следната недела, вели за Фактор директорот на Центарот за јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести, д-р. Александар Стојанов. Во Македонија во последното деноноќие за кое има податоци односно од петокот кон саботата имаше нови 1.085 новозаболени, број кој беше 33 отсто од вкупниот број тестирани. Стојанов вели дека има чувство дека движењето на граѓаните малку е намалено, па смета дека треба да се почека уште неколку дена. Тврди дека освен бројот на новозаразени притисок и параметар за нови мерки е бројот на луѓе примени во болница. Капацитетите се полнат но се уште има простор.

„Ова можеби за мене не психолошка бројка и граница на новозаболени. Ако дојдеме до 2.000 на дневно ниво, тогаш би било загрижувачко. Бројките се слични и во Босна и Херцеговина и во Србија. Да, има затворање во повеќето европски земји, но ние ќе почекаме, да видиме како ќе делуваат овие мерки“, повеќе информации по темава прочитајте на Фактор.мк