Да го започнеме магичното патување во светот на мобилната фотографија со Huawei Next-Image Awards 2020

Добивај вести на Viber

Фотографирањето е еден вид талкање, потрагата по совршен кадар и приказна имасвојпочеток и крај. Исто како и пред патување, фотографирањето бара подготовка на опремата иконцептот. Погледнете ги насоките дадени од победниците на претходното издание на натпреварот за мобилна фотографија на Huawei и пронајдете го сопствениот пат како да бидете најдобрина Huawei Next-Image 2020!

Појди на авантура!

Секогаш кога ќе го извадите вашиот паметен телефон од џеб, запомнете дека фотографијата е постојана авантура. Пробајте ги новите одлики на камерата и откријте го она што ве опкружува, од необични агли. Како што вели жирито од претходното издание на натпреварот за мобилна фотографија на Huawei, емоциите предизвикани од фотографијата се она што ја одредува нејзината вредност.Сè што треба да направите е да ги истражите различнитеопциина фотографирање со вашиот паметен телефон и да ја спроведете идејата што ја имате.И нека започне новата авантура!


Кој пат да го следите?

Погледнете ја работата на минатогодишниот добитник,покажувајќи ги кадар по кадар моментите на чекање за раѓање на нов член на семејството, исполнети со различни емоции - од вознемиреност и возбуда да чекате во болнички коридор до љубовен момент држејќи го новороденчето во раце. Земете го како совршен пример за раскажување приказна низ фотографии!

Водич низ вашите емоции

Фотографијата, иако припаѓа на визуелните уметности, не е фокусирана само на гледање, туку и на чувство. Светски познатите фотографи повторуваат дека фотографијата која не предизвикува емоции кај креаторот, нема даевоцира ни меѓу другите. Секако, вкусот е субјективно прашање, но чувството на емоција е нешто што важи за сите нас, без оглед на чувството за естетика.

На претходното издание на натпреварот беше истакнато дека покажувањето емоции е клучно за да се добие Гран-При. Секако, и оваа година како учесник на Huawei Next-Image Awardsе неопходно да го шармирате жирито и јавноста со автентичноста на фотографиите и да ги водите низприказната зад нив.


Сентиментално патување

Патувањето не мора да значи движење. Може да биде откривање на патот што води кон саканите луѓе и емоциите што нè поврзуваат со нив. Портрет фотографијата е одличен начин за приближување до претставената личност и опишување на врската помеѓу моделот и фотографот. Мал совет пред да фотографирате - окото на гледачот ќе го следи погледот на фотографираната личност. Размислете што ќе биде изложено и на тој начин, избегнувајте непотребни елементи во кадарот. И имајте на ум дека за да успеете давлезете во кожа на моделот и да создадете удобна атмосфера, треба да се покаже вистинското лице на моделот. Минатата година, фотографијата која победи во категоријата Faces е совршен пример за тоа.


Фазата на подготовка е завршена, веќе знаете кој пат да го следите, сега е време да стигнете до вашата дестинација и да се натпреварувате за освојување на Huawei Next-Image Awards 2020!

Ако ви треба поголема инспирација, посетете го линкот: https://gallery.consumer.huawei.com/2020/index.html

……………………………………………………………………………..

Повеќе за Huawei Next-Image Awards 2020:

Конкурсот е отворен за сите корисници на Huawei смартфони кои се подготвени да истражуваат различни перспективи и да ја откријат визуелната убавина на животот.

Може да ги пријавите вашите фотографии / видеа во 6 различни категории:

•Near Far

•Good Night

•Hello, Life!

•Faces

•Live Moments

•Storyteller

Секој учесник е во трка за следните награди:

1.Гран-При: Фотограф на годината (3 победници)

·$10,000 NEXT-IMAGE Creation Fund

·HUAWEI P40 Pro (8GB+256GB, рандом боја)

·Електронски сертификат

2.Победници во категорија (15 победници)

·$1,000 NEXT-IMAGE Creation Fund

·HUAWEI P40 Pro (8GB+256GB, рандом боја)

·Електронски сертификат

3.Второ место (50 победници)

·HUAWEI P40 Pro (8GB+256GB, рандом боја)

·Електронски сертификат

4.Почесни спомнувања (5 победници)

·HUAWEI P40 Pro (8GB+256GB, рандом боја)

·Електронски сертификат

За повеќе информации за HUAWEI NEXT-IMAGE 2020 и како да учествувате, посетете ја веб страната на натпреварот – https://gallery.consumer.HUAWEI.com