ДА ЈА ПРОСЛАВИМЕ ЉУБОВТА!

Добивај вести на Viber

Денот на вљубените се наближува! Дали веќе одлучивте како ќе го изненадите вашиот партнер/ка? Без разлика за кого станува збор секој има некој кому сака да му го разубави денот и да направи да се чувствува посебно. Lush како и секоја година ви нуди гооолем избор на подароци, дури и ако веќе имате избрано подарок секогаш е пожелно да додадете нешто што ќе ги негува сетилата... За денот на вљубените ви препорачуваме да ги користите сите 5 сетила одеднаш. Пробајте се, без разлика дали тоа ќе биде пилинг за усни, путер за масажа со заводлив мирис на јасмин или шумлива купка за во када за релаксирање. Дали сте подготвени за сензуално уживање?

PEACHY шумлива купка за во када

-Маслото од грејпфрут има антибактериски ефекти врз кожата и го подобрува расположението.

- Богат со витамини А, Е и К, свеж сок од праска помага во одржување на здрава кожа, давајќи ви прекрасен сјај.

PRINCE CHARMING гел за туширање

Најосвежувачки мирис на зрели и сочни калинки! Анти-оксидантно дејство заедно со разведрувачки ноти на грејпфрут. Најдоброто за вашата кожа.

LOVEBOAT шумлива купка за во када

Пуштете го да плови ова љубовно бротче низ вашата када и да ја обои водата во најмагична боја за незаборавно искуство со вашиот сакан/а.

NAKED ATTRACTION BAR

Путер за масажа со најсензуалниот мирис на јасмин... Заедно со абсолут од мимоза да го подигне вашето расположение и да ја омекне кожата.

AUBERGINE шумлива купка за во када

Сакате да мирисате најслатко на целиот свет? Оваа купка е за вас. Слатка и декадентна миризба и удобност ви нуди мирисот на тонка за целосно уживање.

UNICORN HORN пенлива купка за во када

Релаксирачки ноти на лаванда и мнооогу меурчиња кои ви гарантираат магично капење. Оваа пенлива купка е целосно гола. Животот без пластика не е мит со производите на Lush.

UNICORN подарок

Покажете ја вашата љубов со овој прекрасен подарок кој содржи две шумливи купки со освежителни мириси за дупло уживање! Пакувањето на овој подарок е целосно направено од рециклирана хартија и може да се користи како маска.

JOYRIDE подарок

Трио од сензуални производи! Две шумливи купки за во када, SEX BOMB и MARSHMALLOW WORLD заедно со најпопуларниот гел за туширање, PRINCE CHARMING.

Подарок полн со љубов.

PEACHY подарок

Совршен подарок за вашата специјална личност во животот. Шумлива и пенлива купка со истиот прекрасен мирис на свежи праски! Дел од летото дури и во зима.

PEACHY и AUBERGINE романтично дуо сапуни!