Да не бевме тврдоглави Балканци со само 37%, ризикот од смрт ќе беше могу помал, вели д-р Беќаровски за високата смртност од ковид во Македонија
Токсикологот, д-р Нико Беќаровски во неговата последна објава на Фејсбук за големиот број починати поради компликации од ковид, посочува уште еднаш дека ваквата црна статистика , можеби ќе беше „сива“, ако процентот на вакцинирани во земјава беше многу повисок од само 37%.
Бројот на починати во Македонија од Ковид-19 надмина 6437. Ако оваа бројка не Ви изгледа страшно, замислете за само една и пол година да ни ги снема Крушево и Вевчани.
Премногу болно, премногу тажно.
А дали можеше да биде помалку кобно ??
Да ги заборавиме на момент протоколите, кои според едни се премногу лабави, според други премногу рестриктивни, да ги заборавиме и здравствените работници, кои според едни се убијци, според други се херои, да го заборавиме и Министерот кој за некои е брилијантен, за други неспособен, да ги заборавиме и свадбите, журките, кафеаните, неодговорните граѓани, за момент да ги заборавиме и нечистиот воздух, нездравата исхрана, дијабетот, дебелината, хипертензијата итн. Дали можеше оваа црна бројка да е барем сива ??? ДА, СЕКАКО !!!, пишува д-р Беќаровски во објавата на Фејсбук.
Целиот текст читајте го на ФАКТОР ТУКА.