Да не допираат ништо надвор и дезинфицирајте ги играчките: Кои деца се поизложени на коронавирусот

Добивај вести на Viber

Децата кои се заболени од Ковид-19 најчесто немаат симптоми, а кај многу мал процент може да предизвика тешка форма на респираторна инфекција. Сепак факт е дека децата и бебињата не се имуни на Ковид-19.  Д-р Душко Фидановски, специјалист по педијатрија и неонатологија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, појаснува дека во најголем број случаи, околу 90 отсто, Ковид-19 инфекцијата кај бебињата и децата (0-18 години) поминува асимптоматски или како блага горнореспираторна инфекција. Само кај 6 отсто коронавирусот може да се манифестира со тешка или критична форма, за разлика од возрасните каде процентот на заболени со таква форма е до 18,5 проценти.

„Досега се опишани само неколку случаи на болест кај новороденчиња, во првите часови и денови по раѓањето. Клиничката слика била лесна или умерена и немало потреба од дополнителна интензивна терапија. Можни се потешки и критични форми на болест и тоа почесто кај бебињата на возраст под 1 година. Смртноста е занемарливо мала кај децата“, вели д-р Фидановски.

Потребата од механичка вентилација кај заболените деца е многу ретка

Иако во помал процент, децата, сепак, се изложени на коронавирусот, а доказ за тоа се и неколкуте случаи на заболени деца со потешка форма на Ковид-19, но кај нив потребата од некаква форма на механичка вентилација, како што потенцира докторот, е многу мала.

„Секако дека е можно да се појави Ковид-19 инфекција која ќе се манифестира со пневмонија и кај децата, но процентот на критично болни деца кои имале потреба од некаква форма на механичка вентилација е мал. Ризикот за потреба од  поинтензивна терапија на инфекцијата со коронавирусот се зголемува со намалување на возраста на детето, односно може да се движи и до 10 отсто од бебиња во возрасна група под една година“, нагласува д-р Фидановски.

Едно од објаснувањата зошто процентот на заболени е драстично помал во детската популација (околу 2%), од досегашните сознанија за коронавирусната инфекција, најверојатно се должи на некои карактеристики на детскиот оргнизам и на степенот на развојот на нивниот имун систем. Се смета дека вродениот или неспецифичен имун одговор кај децата е многу подобро застапен, отколку кај возрасните, а токму тој е најважен за подобрата одбрана од овој нов вирус. Од друга страна, децата особено во зимските месеци, се повеќе изложени на вирусни инфекции  при кои се создава имунитет (противтела) кои можат да делуваат вкрстено, односно да го нападнат и коронавирусот во исто време.

Како да се зајакне имунитетот кај децата, на што треба да се внимава прочитајте на Фактор.мк