Да, сè уште го сакам Џони Деп и ништо не му замерувам: Амбер Херд со шокантна исповед во првото интервју по пресудата (ВИДЕО)

фото: PRINTSCREEN YT

Амбер призна дека сè уште го сака Деп: „Не му замерувам ништо“

Водителката Савана Гатри сакаше во новото интервју со Амбер Херд, прво по завршувањето на судењето, да ја разјасни изјавата во која Амбер рекла дека сè уште го сака Џони и дали тоа е сепак вистина, на што актерката повторно изненади со одговорот.

Амбер Херд (36) вели дека и по судењето во кое тој го доби судскиот спор против неа, и понатаму има чувства кон Џони Деп (59) и дека не му замерува, но дека отсега мора повеќе да внимава да не ја тужи повторно.

Актерката зборуваше на повеќе теми во интервјуто за емисијата „Today“ на NBC, која ќе се емитува оваа недела, вклучително и за тоа какви чувства има кон нејзиниот поранешен сопруг.

Водителката Савана Гатри сакаше да ја разјасни изјавата во која Амбер рече дека сè уште го сака Деп и дали тоа сè уште е вистина, на што Амбер повторно одговори дека го сака.

- Да. Апсолутно. Апсолутно. Го сакам. Го сакав со целото мое срце и се трудев да профункционира нашата длабоко скршена врска. И не успеав во тоа. Воопшто немам лоши чувства кон него, ниту пак му замерувам. Знам дека може да биде тешко да се разбере, но многумина кои сакале во животот ќе разберат зошто јас се чувствувам така - рече актерката Амбер која сепак верува дека Џони успеал да ја уништи на глобално ниво, а потоа рече дека чувствува дека би можел повторно да ја тужи ако не внимателна.

ВИДЕО:


Во еден момент во текот на интервјуто, водителката ја праша за нејзиното ветување дека ќе донира 50 милиони долари за добротворна организација што таа не го одржа.

Иако Амбер забележува дека не требало да го направи тоа за да ѝ се верува, таа признава дека можеби тоа било фактор во пресудата на поротата против неа. 

извор:24sata.hr

-Што точно претставува гранично растројство на личноста кое што го има Амбер Херд, поранешната сопруга на Џони Деп

-Која е судијката што пресуди во случајот Деп и Херд: Направи нешто што е реткост во Америка