Дајан вон Фурстенберг со совети: Што мора да знае секоја жена пред 30-тата година

Добивај вести на Viber

Славната дизајнерка која светот ја знае по фамозниот фустан на преклоп кој всушност и ја прослави, со влегувањето во 72-та година во животот не престанува да ниже бизнис успеси во модниот свет. Сепак, многупати нагласи како триесетите се најдобри женски години, а за денес подготвивме неколку нејзини совети за тоа што би требало до тогаш да научат.


„Помеѓу 28-35 години од животот жената се наоѓа на својот врв. Се што работи тогаш треба да ја турка напред“, рекла при една прилика дизајнерката Дајан вон Фурстенберг.

Секоја млада девојка според неа треба да ги усвои овие навики пред да наполни 30 години:

  1. Донесете одлуки за децениите кои доаѓаат

„Наместо новогодишни одлуки кои ги донесувате на конец секоја година, ви советувам да составите план за децениите кои ви следат. Направете голема резолуција за следните 10 години,  а тоа воедно ќе биде момент кога ќе сфатите кои се вашите лоши навики, додека оние добрите ќе продолжите да ги практикувате.

2.Почнете да користите заштита од сонце

Многу славни дами со влегувањето во повозрасни  години не го изоставуваат овој совет . Иако во младоста сонцето не изгледа како голем проблем па својата кожа девојките ја земаат здраво за готово, според Дајан вон Фурстенберг, тоа не е никако добро. „Избегнувајте премногу сонце. Лично згрешив што не го слушав овој совет. Заштитете се и користете креми со заштитен фактор.


3. Немојте да ја мачите својата коса

„Секој има различна коса а со тоа и различни проблеми. Меѓутоа, обидете се да ги избегнете тешките третмани кои не се здрави за неа. Никогаш не сум ја фарбала, туку користев к’на (природна боја“ , а резултатот е здрава коса во мои години, што е реткост“, појаснила Дајан.


4.Бидете свои и не експериментирајте премногу

Во текот на тинејџерските денови секоја млада девојка се пронаѓа себе во сопствен стил, па во тој случај експериментирањето уште е дозволено. Но со влегувањето во 30-тите се очекува доволно да се познавате и да знаете што ви одговара, а што не. Ако сакате шминка носете ја често, ако не ви се допаѓа – немојте. Влеговте во 30-тите и можете да бидете жена каква што сакате. Престанете со навики кои не ви одговараат. Заклучете која сте и држете се до тоа“, нагласува една од највлијателните жени во модниот свет.



5. Одвојте време за себе

„Пазете секогаш да имате моменти на осаменост. Односот кој го градите со самите себе е многу важен“, гласи уште еден совет од славната дизајнерка.

Таа додава дека е важна и секојдневната активност, да водите дневник, да јадете паметно, да научите да се облекувате за себе.

https://www.youtube.com/watch?v=IYwtzIX5cho