„Далеку си од нас, но близу во срцето..Среќен роденден Јордане мој“: Дракче емотивна за сопругот
Кралот на македонската песна Орце Стевковски вчера славеше роденден.
Орце Стевковски или како што го нарекуваат Царот наполни 63 години.
Тој е познат по своите патриотски песни, како и по своите турнеи низ Австралија, Канада, Америка, Европа и многубројните солистички концерти. Во своите спотови често настапува во македонска народна носија, а нема човек што не знае барем еден рефрен од неговите песни.
Негова сопруга е познатата водителка Драгица Стевковска - Дракче, а по повод неговиот роденден Дракче вчера сподели емотивна честитка на Фејсбук.
„Далеку си од нас, но близу во срцето..Среќен роденден Јордане мој“ - напиша Дракче покрај фотографијата.
Инаку Драгица и Орце Стевковски важат за еден од најскладните парови на македонската јавна сцена, a плод на нивната љубов се нивните две ќерки Ангелина и Александра, додека најголема радост им се петте внучиња: Јана, Андреј, Марко, Ема и Алек.
Својот спокој го наоѓаат во нивниот дом во селото Ржаничино, Петровец во Скопје.
Во едно свое интервју таа истакна дека за да се зачува еден брак потребно е многу разбирање и правење отстапки.
Фото: Фејсбук