Дали би се осмелиле да го носите? Најпопуларниот фустан меѓу познатите девојки е врв на модната дрскост (ФОТО)
Кога ќе го слушнете името Жан Пол Готје, се подразбира скандал и провокација!
Таканаречениот „гол фустан“ на Жан Пол Готје забележа пораст од дури 430 проценти на пребарувањето на „Google“ на Интернет!
Лудо смелиот модел украсен со принт на голо женско тело е дело на познатата дизајнерка и познатата стилистка и модна муза Лоте Волкова и е сè што би очекувале од париската андерграунд сцена, на која Лота е некрунисана кралица.
Провокативен е, дрзок, впечатлив, тотално свеж, го привлекува вниманието кон себе и не требаше долго да го преплави сечиј Инстаграм фид.
Сепак, необичниот фустан кој го прави оној што го носи на прв поглед да изгледа гол не е од вчера. Тоа е илузија која Жан Пол Готје ја претстави на своето шоу за пролет и лето 1984-та година, а потоа си поигра со перцепцијата и ги шокираше сите ставајќи ја сензуалноста на женската силуета во преден план.
Необичниот мотив претходно беше изработен од жакард, а Лота сега дојде на идеја да се префрли на жерсе за да привлече нова целна група.
На ист начин, скандалозниот принт повеќе не е само на фустаните, туку може да се најде на маици и бикини, а го обожаваат најпопуларните трендсетерки на денешницата како Кајли Џенер и Кјара Ферањи, додека на нашите простори видовме таков топ на Јелена Карлеуша.
Лота Волкова, многумина веруваат, е вистинското освежување кое ѝ требаше на новата колекција на Готје и заедно ги реинтерпретираа парчињата кои се важен дел од модната историја и им вдадоа сосема нов живот.
Извор: glossy.espreso.co.rs