Дали британскиот сој предизвикува тешки форми на Ковид-19: Студија од престижен медицински магазин има одговор

Добивај вести на Viber

Спротивно на досегашното мислење, многу заразен вид на коронавирус кој првпат беше откриен во Велика Британија, т.н. британската варијанта, не предизвикува потешки форми на ковид-19 кои нужно бараат хоспитализација или завршуваат со смрт, според студијата објавена во медицинското списание Лансет.

Студијата опфати група од 496 пациенти со ковид, кои беа примени во британските болници во ноември и декември минатата година, а нивната состојба беше анализирана во компаративна студија со пациенти со други варијанти на короната, пренесува Ројтерс.

Резултатите од студијата покажуваат дека кај заразените со вирус Б.1.1.7. поголем ризик од сериозна клиничка слика и смрт од другите соеви не е потврден.

Британска варијанта на вирусот корона позната како Б.1.1.7. првпат беше откриена кон крајот на минатата година во Велика Британија и наскоро стана најраспространета во САД, потврдија од американскиот Центар за контрола и превенција на болести, пренесува Ројтерс.