Дали детето навистина учи од казните или постојат други решенија?

Добивај вести на Viber

Казнувањето често се поистоветува со „учење" на детето, од возрасните лица, што треба, а што не треба да прави. Меѓутоа кога дете повторува одредена работа, и покрај ваквите казни, треба да се запрашаме, дали навистина се учи од казните?

Фактот што едно дете може веднаш да запре сo одредена активност, воглавно е резултат на стравот од родителска реакција, но тоа не значи дека тоа сфатило зошто нешто треба или не треба да се прави и не постои гаранција дека истото нема да го направи повторно следниот пат.

Што се добива, а што се губи со казнувањето?

Ако земеме предвид дека кога е казнето детето чувствува срам, тага, страв (т.е. непријатно емоционална состојба), важно е да се знае дека со овој начин тоа нема мотивација за да научи нешто.

Затоа, родителите треба да ја знаат целта на своите казни - апсолутна послушност или стакнување на доверба кај детето, дека ќе ја процени идната ситуација и ќе донесе вистинска одлука за неа. 

Она што се губи со казнувањето е просторот за искуствено учење, но и создавањето на простор на доверба, како во себе така и во родителите. Ако детето се плаши од родителите порази казната, тоа ќе се чувствува несигурно, а подоцна и ќе презема одговорност за себе и своите постапки.

Зошто возрасните ги казнуваат децата?

Кога зборуваме за санкции, треба да се одлучи што се смета за казна - оддалечување на детото во друга соба како „одраз" на неговите акции, седење во „ќош за казна“, молк на родителите и скратување на комуникацијата, лутина на родителите ( без објаснување), викање, условување, одземање на нешто (предмет, уред)...

Има родители кои го прават ова, а не сакаат, но едноставно не гледаат друг начин со кој би имале контрола над ситуацијата.

Друга причина е претпоставката на родителите дека детето намерно прави нешто, дека е непристојно, води инает и треба да се стави во ред...

Недостаток на разбирање (детето може да биде во процес на истражување и учење) и трпение, ги доведува родителите во позиција да применат казна за да го прекинат несаканото однесување на детето. Ако ова стане модел на однесување, она што сигурно ќе дојде како последица на овој однос е дека детето, во повеќето случаи, ќе го повтори она за што е казнето, од две причини. Прво - затоа што не разбрало што е проблемот, а второ - затоа што не знае што друго може / треба да стори.

Со што да ги замените казните, и да го научите вашето дете да не го прави она што не треба?

Позитивен пристап кон родителството значи на прво место, познавање и разбирање на детето и неговото однесување, познавање на фазата на развој на капацитетите и можностите на детето, во зависност од возраста, поставување на јасни и реални граници, трпеливост и доследност, обрнувајќи внимание на тоа како се чувствува ... Кога родителот ќе го прифати овој метод, и ќе ја отфрли идејата дека детето е дрско, ќе се посвети на настава на децата преку искуство, појаснувања и насоки.

Што значи тоа практично?

За да видиме што стои зад однесувањето на детето, треба да се види вистинската причина, да се разбере, да се понуди друго размислување за неговото однесување. Ако сакате детето да научи, треба да станете пример по кој тоа треба да се води.

РЕШЕНИЕ: Мирен тон со претходен договор, објаснување за тоа што е прифатливо и што не, што ќе се случи кога не се придржуваме до договорот - создава простор за учење.