Дали девојката која зема подарок од момчето е спонзоруша: Ова прашање го доби инфлуенсерката која со одговорот им ја затвори устата на сите

Инфлуенсерката и модел Ива Батаковиќ, освен совршени фотографии и беспрекорен изглед, има што да им претстави на своите фанови. А неодамна таа одговараше на прашањата на нејзините следбеници што крена голема прашина.

Ива неодамна разговараше со своите обожаватели на тема „спонзорство“, а нејзиниот одговор сведочи дека имала многу да каже.

Повеќето, како и обично, се интересирале за нејзината нега, но и за тоа дали и се тешки обврските околу бебето, со оглед на тоа што неодамна се породила, но имало и такви кои и поставувале доста сериоз

View this post on Instagram

A post shared by I V A N A (@ivabatakovic)

ни прашања.


Имено, во еден момент од Ива беше побарано мислење за темата „спонзори“:

„Во ред ли е дечкото да и купува на девојката скапи работи ако има пари, и тогаш ли е спонзор?“, напишала една од следбеничките.


View this post on Instagram

A post shared by I V A N A (@ivabatakovic)



Манекенката јасно го кажа својот став во долг одговор:

„Ќе одговорам на ова прашање само со еден импулс, а тоа е дека сум тажна и...нема збор да опишам како се чувствувам кога ги слушам како зборуваат денес, поставуваат прашања, убави епитети итн. “, започна Ива и додаде: Спонзоруша, домаќинка, наркоманка, алкохоличарка, будала, луда, глупава – глупава итн... списокот е предолг. Само треба да кажам дека секој збор има огромна тежина, а вие премногу лесно го изговарате“, одговорила манекенката, јасно истакнувајќи ја својата позиција.



Мора да бидеме свесни за фактот дека зборовите можат да болат и дека понекогаш ги користиме без да ја разбереме нивната тежина, а со овој потег Ива го привлече вниманието на една исклучително важна тема која треба да биде во мислите на секој поединец во нашето општество.


Извор: zena.blic.rs