Дали добивте втора мајка или жена која се меша во вашиот живот: Каква ви е свекрвата според хороскопот?

Добивај вести на Viber

Што може да очекувате од нив и какви карактерни особини има вашата свекрва според хороскопот?

Овен - со неа мора да имате добри нерви

Во нејзиниот карактер нема злоба, па така лесно може да и простите Знае да биде многу своеглава и сака да дава забелешки, па тешко дека ќе може да ја уверите дека во нешто не е право. Енергична е и лесно избувнува, но за среќа тоа не трае долго. Вашиот однос со неа ќе биде секаков, само не мирен. Тоа е енергична и борбена жена која никогаш нема да дозволи некој да зборува против вас. Ќе ве земе под своја заштита и ќе ве чува.

Бик - ќе знае да ве утеши и советува

Нема потврдоглава и поупорна жена од неа. Се држи до своите зборови и ветувања, не ги менува навиките и го чува она што го поседува. Кога еднаш ќе влезете во нејзиниот дом, ќе и треба време да се прилагоди на вас, како и вие на неа. Но, кога ќе го освоите нејзиното срце, во неа ќе имате голема помош и поддршка. Никој нема да знае да ве утеши подобро од неа кога сте во неволја или да ви даде мудар совет кога ќе ви треба. Може да биде љубоморна што со вас го дели својот син, но немојте никогаш да и замереите за тоа.


Следна страна