Дали добивте втора мајка или жена која се меша во вашиот живот: Каква ви е свекрвата според хороскопот?
Близнаци - незаменлива е во чувањето на деца
Свекрвата со овој знак ќе знае да ве забавува и смее. Со неа никогаш нема да ви биде здодевно, но мора да сметате на нејзината површност и недоследност. Често е растргната на 100 страни и лесно заборава што ветила или што требало да направи. Вистина е дека не внимава на деталите, но никој како неа не може толку брзо и точно да го оцени она што е важно во секоја ситуација. Упатена е во вашиот живот до најситни детали, но ќе биде незаменлива во чувањето деца со кои ќе се забавува како што само таа знае.
Рак - се држи до семејството и традиционалните вредности
Срдечна е и љубезна, па многу снаи во неа ќе најдат втора мајка. Бидете сигурни дека секогаш ќе ве пречекува со топол ручек, кога ќе се вратите уморни од работа, децата ќе бидат згрижени, а куќата чиста. Ќе биде заштитнички расположена кон вас и никогаш нема да дозволи некој да ве озборува. Но, затоа ништо нема да ја спречи да копа по вашиот живот - сака да знае се и посотјано здодева со своите совети и плеткање во вашиот живот. Многу се држи до семејството и традиционалните вредности, па ќе мора да се помирите со тоа дека некои нејзини животни навики и правила ќе станат и ваши.